ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

„COP26“: Австралија, Индија, САД и Кина не го поддржаа укинувањето на јагленот како енергенс

November 5, 2021 09:06
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Барањето за укинување на јагленот како извор на енергија вчера го поддржаа уште 23 земји на климатската конференција на ОН, но на тоа се уште се противат најголемите производители на највалканото гориво што го предизвикува глобалното затоплување.

Самитот COP26 се обидува да најде начин да се постигне целта за ограничување на глобалното зголемување на температурата на 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустриските нивоа.

Емисиите на штетни гасови од согорувањето на јаглен поединечно придонесуваат најмногу за климатските промени, така што намалувањето на неговата употреба е клучно за постигнување на климатските цели.

Ветувањето за укинување на јагленот не го поддржаа Австралија, Индија, САД и Кина, кои поседуваат повеќе од половина од сите термоелектрани во светот, а планираат да изградат повеќе.

Во 2020 година емисиите на јаглерод диоксид се намалија за 5,4 отсто поради опаѓањето на економската активност, но новиот извештај на „Global Carbon Projecta“ проценува дека емисиите годинава ќе се зголемат за 4,9 отсто.

-Очекувавме зголемување, изјави вчера водечкиот автор на истражувањето, Пјер Фридлингштајн, експерт за климатско моделирање на Универзитетот во Ексетер.

„Тоа што не изненади беше интензитетот и брзината на зголемувањето на загаденоста“, додаде тој.

Алок Шарма, претседател на двонеделниот самит за климата во Глазгов, кажа дека „можеме да кажеме дека на повидок е крајот на јагленот“.

Необврзувачката декларација за укинување на јагленот досега има „77 потписници, а 23 од нив за првпат презедоа обврска да се откажат од јагленот“, рече Шарма.

Побогатите земји се согласија да го укинат јагленот како извор на енергија до 2030-тите, а сиромашните до 2040-тите.

Во моментов, термоелектраните произведуваат повеќе од една третина од електричната енергија во светот. Многу земји во развој се потпираат на евтин јаглен, како што тоа го правеле денеска развиените земји во времето на Индустриската револуција во 19 век. /МИА/

Next Post

(ВИДЕО) „Танец“ и Влатко Стефановски со концерт ги отвораат „Есенски музички свечености“ 2021

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk