ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Нова менторска програма на ФИТР и PwC Северна Македонија за стартапи во рана фаза

November 9, 2021 10:05
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Коста Петров. Фото: ФИТР

Коста Петров. Фото: ФИТР

Share on FacebookShare on Twitter

Домашните стартапи кои се во рана фаза на развој, односно веќе имаат продукт (услуга), како и изработена понуда за пласирање на нивните продукти, ќе добијат бесплатна менторска програма развиена од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и PwC Северна Македонија.

Главната цел на менторската програма The Catalyst е зајакнување на капацитетите на стартапите на теми и области кои се значајни за секојдневното работење, здобивање со нови знаења и вештини, како и олеснување на пристапот пред потенцијални инвеститори.

-Годинава имавме серија активности со цел трансформација на стартап екосистемот. За нас е од голема важност менторирањето кај претприемачите, преку кое имаат шанса да научат како да се справат со предизвиците во бизнисот, да развијат лидерски вештини и да го унапредат претприемачкиот дух и затоа за активните корисници на ФИТР  со години обезбедуваме менторирање од домашни експерти. Развивањето на новата менторска програма The Catalyst е одличен пример за соработка меѓу државна институција и приватниот сектор со цел домашните стартапи да добијат вештини и знаење кои ќе ги направат подготвени за светските пазари, вели директорот на ФИТР, Коста Петров.

Почнувајќи од проектен менаџмент, како основа за добро раководење, па се до развој на производи, финансии, пристап до инвестиции и подготовка на „pitch decks”, стартапите ќе имаат можност преку интерактивни предавања да се запознаат повеќе со овие тематики. Програмата ќе ја спроведат експерти од PricewaterhouseCoopers (PwC), како и надворешни експерти со долгогодишно искуство во соодветните полиња како нивен придонес кон стартап заедницата и бизнис заедницата генерално.

-Потенцијалот за соработка помеѓу корпорациите и стартапите е огромен. За да функционира оваа соработка, двете страни треба да ја третираат како партнерство, да бидат отворени за учење и да ги прифатат разликите. PwC e голем поддржувач на стартап екосистемот насекаде во светот преку разновидни програми, обуки и овозможување на стартапите да пристапат до разни извори на финансирање. Ни претставува привилегија што ова ќе го овозможиме и тука заедно со ФИТР. The Catalyst програмата е мал дел од нашиот придонес кон стартап заедницата и се надеваме дека ќе помогне стартапите кои ќе учестуваат да добијат вредни информации и „know-how” со цел нивен и наш понатамошен развој, истакнува директорот на PwC Северна Македонија, Драган Давитков.

Предавањата ќе траат од 22 ноември до 14 декември годинава, од 18 до 20 часот на платформата Zoom и ќе опфатат осум различни теми клучни за развојот на еден бизнис: Управување со проекти како дневна деловна пракса, Развој на производ и управување со животниот циклус на  производите, Иновации и креативно размислување, Управување со таленти / Совети и трикови за човечки ресурси, Деловен развој, Маркетинг во дигиталната ера & Однесување на потрошувачи (клиенти), Финансиски менаџмент, Како да се подготвите за одличен „pitch”?

Како што соопшти ФИТР, сите заитересирани за програмата можат да најдат повеќе инфо и да се пријават од 9 – 18 ноември до 14 часот на https://fitr.mk/менторска-програма-за-early-stage-стартапи/. Поради ограничениот број учесници, пријавувањето, напоменува ФИТР, ќе се одвива по принципот „прв дојден прв услужен”.

Next Post

ДЗР: Сите медиуми кои учествувале во покривање на изборниот процес да поднесат Извештај за рекламниот простор до 13 ноември

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk