ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Стопанската комора со грант од ФИТР обезбеди машини за четири компании во вредност од половина милион евра

November 10, 2021 08:20
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, во придружба на потпретседателите на Комората, Глигор Цветанов и Анета Трајковска, ќе посетат две компании од источниот дел на земјава, за кои Стопанската комора, заедно со уште други две фирми, првпат обезбеди директна финансиска поддршка со грант од Фондот за иновации и технолошки развој.

Со грантот во износ од 499.905 евра се набавени 23 машини во четирите фирми, потребни за зголемување на конкурентноста на производите.

– Главната цел на проектот беше зголемување на продуктивноста, намалување на трошоците и раст на извозната конкурентност на компаниите преку набавка и инсталирање на нови машини и опрема. Вкупниот буџет на проектот е во вредност од 1.088.536 евра. Четириесет отсто од средствата се неповратна помош преку проектот на Комората од ФИТР, додека останатите средства се кофинансирање од страна на компаниите. Дополнителна придобивка за компаниите е што имаа можност за поврат на ДДВ, кој се плаќаше при набавка на самите машини, што значи дека неповратниот грант за компаниите изнесува околу 50 проценти, соопшти Стопанската комора.

Компанијата „ТМ Штип“ со набавка на три автоматизирани машини во вредност од 242.000 евра го подобрува производниот капацитет, квалитетот на финалните производи и ја зголемува ефикасноста на трошоците.

„АгроБар“ Виница со нови три автоматизирани машини и компресор за производство на земјоделска механизација вредни 216.000 евра, целосно го автоматизира процесот на производство што значително ја зголемува можноста за нова производна палета на нови производи за потребите на компании од други индустрии во регионот и пошироко.

– Успешно реализираниот проект на Комората со кој преку директна финансиска поддршка се поттикна поголема конкурентност на четирите македонски компании што стимулира поголема извозна активност, е само потврда дека Фондот за иновации и технолошки развој треба и следната година да проектира финансиска поддршка на бизнисот и тоа да преставува континуирана програма за поддршка на стопанството, наведува Стопанската комора./МИА/.

Next Post

Хоспитализирани 21 дете со Ковид-19, бројот на активни случаи се искачи на 8.000

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk