ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бислимовски: Има појави на кражба на струја, а неретко тоа се прави за т.н. копање биткоини

November 10, 2021 10:16
in Uncategorized, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Во одредени делови на Скопје има зголемена потрошувачка на електрична енергија, но има и појави на кражба на електрична енергија, а неретко тоа се прави за т.н. копање биткоини, вели за Утрински брифинг Марко Бислимовски од Комисијата за енергетика.

-Луѓето сами ги менуваат осигурувачите, со што може да се предизвика пожар затоа што се овозможува поголема моќност без да се има услови за тоа. Кражба на електрична енергија е кривично дело, а инаку може да се зголеми потрошувачката, но тоа треба да се пријави во ЕВН и да се променат легално осигурувачите и евентуално кабелот, објаснува Бислимовски.

Владата прогласи електроенергетска криза во период од 30 дена. Комисијата за енергетика има свој претставник во владината комисија, но Комисијата за енергетика за кризата нема надлежност за управување со кризата туку подоцна може да одлучува во рамките на своите надлежности во врска со цената на енергијата.

-Електроенергетската криза е прогласена за ЕСМ и МЕПСО да можат да повлечат средства од Буџетот и да ја поправат својата финансиска состојба. Рестрикции имало и порано. Но сега има слободен пазар на електрична енергија од различни снабдувачи. Снабдувачот мора од добавувачот од странство предвреме да ја плати струјата. Ако има рестрикции, добавувачите нема да можат да ја продадат струјата не по своја вина. Ако ја продадат на друго место, ќе имаме дополнителни проблеми. Мислам дека рестрикциите не се решение, вели Бислимовски.

Бугарија, Романија и Босна и Херцеговина имаат вишоци на електрична енергија и ги продаваат. Кај нас е проблемот што ЕСМ има кусок на домашно производство пред сѐ затоа што нашите термоелектрани се во лоша состојба, а и хидрологијата не ни беше во полза последниве години што е причина за нестабилното производство. Бислимовски вели дека најдобро решение е да се стабилизира домашното произвоство.

Бислимовски за Утрински брифинг вели дека не се очекува намалување на цената на електричната енергија во догледно време.

Извор: Слободен печат

Next Post

Се стопи ли мнозинството на Мицкоски па затоа бара алиби преку лажни вести? - прашуваат од СДСМ

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk