Мицкоски во една нервозна изјава пред Собранието, пред присутните медиуми, рече дека се мисли дали вреди да се занимава со политика.
„Па да чекаме да се појави, загрижени сме, дали човекот е жив, здрав, да видиме што се случува со човекот, да каже. Ако не се појави, треба да даде одговор МВР, јас како што знам Биљал Касами даде една изјава, рече дека пријавил, така да видиме што ќе се случи. Но повторно ќе ви кажам, ова се методи на она налик на оние методи од 16-17 век и предизвикаа едно големо чувство кај мене на гадење и ако вака навистина се практикува политиката во Македонија, сериозна ќе се замислам дали и вреди да практицираме политика во Македонија.“
Ова го изјави Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за медиумите, откако и во 16 часот, повторно беше неуспешен обидот на пратениците во Собранието да обезбедат кворум за да се одржи седницата на која треба да се гласа за недоверба на владата.
Покренувачите на Иницијативата, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Алтернатива, Левица и Беса го немаат потребното мнозинство за гласање недоверба на Владата, откако стана јасно дека пратеникот Кастриот Реџепи од Беса не присуствува на седницата иако е потпишан на иницијативата.
Останува да се види, дали иницијаторите до вечерва на полноќ ќе успеат да обезбедат кворум







