ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Димитар Николоски: Енергетската криза бара контрола на цените на енергенсите, алтернативни енергетски решенија, а минималната плата треба да се зголеми

November 13, 2021 15:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во состојба на повеќе кризи во земјава: двегодишната пандемиска, енергетската и од неодамна, политичката криза, неопходна е грижа за економските текови. Треба да се интеренира во стабилизација на цените на енергенсите, да се бараат алтернативни и да се внимава на пазарот на трудот, вели Димитар Николоски, професор на Економскиот факултет во Прилеп, експерт за пазар на трудот.

Според Николоски, добро се справивме со пандемијата на еконосмки план, сега треба да се контролираат цените на енергенсите кои доведуваат до инфлаторни дејства.

-Во моментов имаме совпаѓање на повеќе кризни моменти, тоа се: пандемијата со ковид-19 со која две годни се соочуваме, енергетската криза и од скоро време се соочуваме и со политичка криза. Справувањето со пандемијата, на економски план, ги даде очекуваните резултатии се чини дека економијата постепено почна да функционира во рамките на таканаречената нова реалност. Она што сега го имаме како нова состојба е енергетската криза, која се заканува да изврши дополнителни ценовни, односно, инфлаторни влијанија кои негативно ќе се одразат на животниот стандард на македонското население. Тоа наметнува потреба од дополнителни интервенции. Во овој момент се пепорачува да се интервенира во стабилност на цените на енергенсите кои се основа на економиајта. На подолг рок треба да се премине на нови, алтернативни извори на енергија, како што е гасот и побрзата гасификација и секако, побрза транзиција кон таканаречените нови, алтернативни извори на енергија, како што се сонцето и ветерот, вели Николоски.

Според Николоски, треба во оваа нова ера, да се подготви работната сила со новите предизвици.

-Бидејќи сѐ уште се соочуваме со проблемот и со последиците од пандемијата кои генерираат незивесност и влијааат на инвестицискиот циклус, почнувањето на новиот инвестициски циклус би коинцидирало со евентуалното завршување со пандемијата што, секако, треба да биде придружено со дополнителни мерки кои би воделе до поголема ценовна стабилност и подготвеност на работната сила да се справи со предизвиците на пост-ковид ерата, односно, поголема застапеност на таканаречените дигитални вештини кои сѐ повеќе ќе бидат барани на пазарот на трудот, објаснува Николски.

Битно е да продолжи поддршката на претприемништвото, самовработувањето и подготвувањето за новата-дигитална ера.

-Кога е во прашање пазарот на трудот, тој доживеа големи шокови: згаснувањето на работните места, како последица на пандемијата. Тоа, од една страна, може да се подобри преку активните мерки на владата за поддршка на креирањето нови работни места, поддршка на претприемништвото, на самовработувањата, како и активни мерки кои би значеле и обуки за она што значи поттикнување и подобрување на дигиталните вештини на работната сила. Тоа е иднината со која ќе се соочат вработените во иден инвестиционен циклус во пост-ковид инвестицискиот период,смета професорот Димитар Николоски од прилепскиот еконосми факултет.

Николоски, како експерт за пазарот на трудот, не смета дека е проблем зголемувањето на минималната плата, на што се противат од Организацијата на работодавачите. Напротив, треба да се зголеми поради опасностите од ценовните шокови и падот на стандардот.

– Трендот на зголемувањето на минималната плата неопходно е да продолжи и во наредниот период, со цел да биде индексирана минималната плата со порастот на трошоците на живот, бидејќи, задржувањето на номиналната плата на претходното ниво би значело зголемување на трошоците на живот и, реално, осиромашување на граѓаните. Оттаму, идните трендови кои во себе вклучуваат потенцијални опасности од ценовни шокови, би требало да бидат придружени со порастот на минималната плата, вели Димитар Николоски од прилепскиот економски факултет, експерт за пазарот на трудот.

извор: МИА

Next Post

Во Ниш продолжуваат состаноците на Србија, Северна Македонија и Албанија во рамки на Отворен Балкан

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk