ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Од Марс се гледа дека Арсовска не знае да го „вози“ јавниот превоз во Скопје

November 14, 2021 10:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Уште во првите неколку денови од мандатот на новата градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, без никаква анализа и поради лични причини, пред медиумите соопшти дека планира да го прекине проектот за Бас рапид транзит (БРТ) во главниот град.

Таа најави дека тоа не е нејзин проект и дека, според неа, јавниот превоз во главниот град ќе се подобри со набавка на нови 250 еко-автобуси и доколку тој стане бесплатен. Сепак, експертите се децидни, нови линии, нови автобуси и бесплатно возење нема да доведе до повеќе патници и подобро искуство, туку ќе направи поголем метеж.

Арсовска за време на кампањата ја „возеше“ идејата дека ќе набавува 250 нови електрични автобуси, истовремено воведувајќи целосно бесплатен јавен транспорт. Сепак, откако сфати дека 250 електрични автобуси ќе чинат премногу, почна да ретерира и да говори за еко автобуси, но се уште нема соопштено на каков погон ќе се движат тие и како со зголемен број автобуси превозот ќе се растовари и ќе се користи.

НА СКОПЈЕ МУ ФАЛИ БРЗ И ВИСОКО-КАПАЦИТЕТЕН ПРЕВОЗ

Јавен превоз во кој било град, се користи повеќе доколку тој е брз, ефикасен и прецизен. За тоа е потребно возилата на јавниот превоз да не заглавуваат во сообраќајот, односно да имаат свои ленти. За брзината за која ќе стигне возилото од едната до другата точка е важна проодноста низ сообраќјот, а помалку важно на какво гориво ќе вози. Идејата дека со набавка на нови автобуси ќе се подобри јавниот превоз и ќе привлече нови граѓани кои ќе го користат е неразбирање на системот и избрзана одлука донесена без никаква анализа, а во случајов и политички мотивирана.

Професорот по јавен градски превоз на Техничкиот факултет во Битола, Никола Крстаноски потврдува во изјава за „Мета“ дека најголемиот недостаток во јавниот превоз во Скопје е брзиот, високо-капацитетен јавен превоз, а не бројот на автобуси или цената на автобускиот билет.

„Ако јас со автомобил во Скопје можам за 30 или 40 минути, дури и ако има некакви застои во сообраќајот, да стигнам до саканата цел, а со автобус вкупното време на патување – пешачење до стојалиште, чекање да дојде возило, возење во возилото, пешачење од стојалиште до крајна цел на патување, ми треба еден час и повеќе, ќе си патувам со автомобил, па ако сака градот нека пушти и авиони во јавниот градски превоз“, објаснува професорот Крстаноски.

За воведувањето на БРТ, постои анализа, според која со слободните ленти само за јавен превоз, ќе се намали бројот на автобуски постојки со цел помалку запирања, но бидејќи тие ќе бидат затворени ќе има побрзо полнење и празнење на автобусите.

ТЕНДЕРОТ ЗА ПРВАТА ЛИНИЈА ОД БРТ ВЕЌЕ ОБЈАВЕН НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА ЕБОР

Проектот за БРТ беше прифатен со големо воодушевување од претставниците на Европската банка за обнова и развој, а договорот со нив го потпиша Министерството за финансии во име на Владата уште во април, врз основа на донесен Закон за задолжување за овој проект од страна на Собранието. Веќе е објавен тендерот за изградба на првата линија на БРТ во Скопје, кој е отворен до 14 декември, а истиот е објавен и на веб страницата на ЕБОР.

Доколку Арсовска е сериозна во намерата да го укинува БРТ за тоа треба да ги извести Владата и Министерството за финансии, кои потоа треба да бараат поништување на проектот во ЕБОР, кои го одобрија задолжувањето.

Сепак, Арсовска арогантно, како и во текот на кампањата, без да слуша експерти, сметајќи дека се знае и разбира, е убедена дека овој проект не треба да продолжи само поради тоа што е започнат од претходен градоначалник. Работењето за заедничкиот интерес на граѓаните, за заедничкиот град, сепак кај неа е во втор план, дури и кога станува збор за вакви големи, вековни проекти, за чија реализација очигледно е потребен повеќе од еден мандат.

СО БЕСПЛАТЕН ТРАНСПОРТ ЌЕ СЕ ПАРАЛИЗИРА ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ГРАДОТ

Таа продолжува и со глава во ѕид и во однос на тоа превозот да биде бесплатен, иако сите експерти и познавачи укажуваат на тоа дека оваа идеја е невозможна. ЈСП Скопје има годишни трошоци за работење од околу 30 милиони евра, а доколку на тоа се додаде и зголемен број на возила и повеќе линии, како што планира Арсовска, таа бројка ќе достигне и до 35 милиони евра, па и повеќе.

Тоа ќе значи дека поголем дел од буџетот на градот ќе биде насочен кон јавниот превоз, што ќе го доведе во прашање функционирањето на другите јавни претпријатија и реализацијата на сите останати функции и проекти во Град Скопје.

Според професорот Крстаноски, бесплатен јавен превоз во градови во моментов има во Луксембург, како исклучително богата и мала држава и во Талин, главниот град на Естонија, во однос на други населени места, бесплатен превоз најчесто има во мали градови до 20 илјади жители со мал број на линии.

„Примерот од градот Талин покажал многу интересни резултати: заради бесплатниот превоз само за околу 10 отсто се зголемил бројот на патници, а употребата на автомобили се намалила само за 2-3 отсто. Интересно, зголемувањето на бројот на патници произлегол од претходни корисници на велосипеди и од пешаци, како и од зголемен број патувања од постојни патници на јавен градски превоз“ рече Крстаноски во изјавата за „Мета“.

Сепак Арсовска, продолжува со нејзината „сезнајност“ и најавува дека магично ќе го изведе и бесплатниот јавен превоз во Скопје, заборавајќи дека веќе не е во кампања, туку на функција и треба да почне да работи според план, а не желби.

„Луѓето планираат да се селат на Марс и патуваат до месечината, се е возможно, па така возможен е и бесплатниот градски превоз. Имено станува збор за нешто што е имплементирано во други развиени земји“ – рече Арсовска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Протоколарен дебакал на Арсовска за празникот на градот

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Жесток напад на Трамп кон Лиза Монако директорка на „Мајкрософт“ – бара да и се даде отказ на

September 27, 2025
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

September 27, 2025

Директори на вселенски камп на НАСА и експерт за дигитално образование при ЕК ќе говорат на седмата „ЕдуКонференција“ во Струга

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Резолуцијата на СДСМ – шанса за деполаризација или нова алатка за дневна политика?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Астронаутите на „Артемис 2“ го именуваа „Integrity“ – вселенското летало што ќе ги лета околу Месечината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk