„Mирен сум и со чиста совест. Нема поголема чест од тоа да ја водиш својата земја на патот кон слободата, демократијата, кон НАТО и ЕУ. Самоволно се засолнив на денот на седницата за доверба на Владата за да не дозволам земјата да ни отиде во правец кој е спротивен на мојата идеолошка определба“, рече Кастриот Реџепи на денешната прес-конференција во Собранието.
Реџепи посочи дека на денот на собраниската седница за гласање на недоверба на Владата самоволно се засолнил со цел да не дозволи земјата да отиде во правец кој е спротивен на неговите убедувања.
„За да нема какви било сомнежи, трачеви и шпекулациии и спинови, јас, Кастриот Реџепи, сојузник на своите сограѓани, и на Албанците и на Македонците, и на сите кои имаат поглед напред, стратешки сојузник на САД, во интерес на мојата земја, РС Македонија и во интерес на сопствениот народ, самоволно и одлучно се засолнив на денот на гласањето недоверба на владата, со цел да не дозволам на бранот на локалните избори земјата да ни отиде во правец спротивен на моите идеолошки убедувања“, рече Реџепи.