Мариета Дукиќ
Ќе ги избришам насилно сите запишани усменија од наречниците,
ќе ги изгонам проклето сите стравови од безбожниците,
ќе се прекрстам без да знае матичарот и отецот,
ќе заминам како што доликува на човек –
без страдања и без викотници.
Еден ден ќе се наречам како што ме викаше синот.
Без да знае никој.
Без да знае никој.
Мариета Дукиќ (1977, Струмица) е дипломиран правник и поетеса. Автор е на збирката поезија “Усменија” (2021), во издание на Друштвото за наука, литература, култура и уметност “Иван Василевски”.
избор: Тања Кармзова Костиглиола