ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДПИ извршил 1.290 надзори и затворил 20 угостителски објекти за непоседување сертификати или ковид протоколи

November 22, 2021 14:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: ДПИ

Фото: ДПИ

Share on FacebookShare on Twitter

Државниот пазарен инспекторат досега има извршено 1.280 инспекциски надзори и вкупно се затворени 20 угостителски објекти, од моментот на носење на одлуката за задолжително поседување на сертификати во угостителските објекти, изјави на денеска на прес-конференција во Влада директорката на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска.

Затворањето, посочи Симеска-Димоска, е врз основа на тоа дека дел од гостите не поседувале сертификати или пак поради констатирано поголемо присуство на лица во објектот од дозволеното или за непочитување на протоколите за одржување дистанца.

– По месеци. Во август затворени се четири угостителски објекти, од кои два во Скопје и два во Тетово. Во септември затворени се четири угостителски објекти, два во Скопје, еден во Гостивар и еден во Тетово. Во октомври месец затворен е еден угостителски објект и издадени се 15 решенија по основ на Законот за заштита на населението од заразни болести, изјави директорката на Државниот пазарен инспекторат Симеска Димоска.

Во ноември, посочи Симеска Димоска, досега се контролирани 173 субјекти и затворени се девет угостителски објекти, од кои еден во Гостивар, два во Скопје, четири во Кичево и еден во Тетово.

Прашана зошто никој не казнува за влез во објекти без сертификат или со лажни сертификати, Симеска Димоска, нагласи дека секаде каде што се затекнати лица без сертификати биле предземени мерки, како и дека Државниот пазарен инспекторат нема единствена надлежност за постапување по ковид протоколите.

–  Ние немаме надлежност да ги контролираме лицата кои што влегуваат во угостителските објекти, околу тоа дали поседуваат или не сертификат и дали сертификатот е валиден. Надлежноста ја имаат редарите на угостителските објекти или вработен во угостителскиот објект. Апелирам до сите кои ја имаат таа надлежност да ја користат апликацијата за потврда на сертификатот од Министерството за здравство, затоа што при нашата контрола во угостителскиот објект, доколку се потврди дека лицата немаат сертификат одговорноста е на угостителот, изјави Симеска Димоска.

Во однос на лажните сертификати, Симеска Димоска, рече дека утврдувањето е од страна на Министерството за внатрешни работи и постапката околу тоа ја води МВР.

Како Државен пазарен инспекторат, Симеска Димоска нагласи, дека до овој момент имаат изречено глоба кон правни лица во износ од шест милиони денари и над 1,5 милион денари глоба кон одговорните лица во правните лица. /МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Царовска: Нема значителен отпор кај наставниците за вакцинација

НАЈНОВО

Лукашенко негира вмешаност на Белорусија во инцидентите со дронови над Полска и Литванија

September 16, 2025
Фото: Скриншот, видео на Х

(ВИДЕО) Израелски воени авиони го нападнаа јеменското пристаниште во Ал Худаида

September 16, 2025

Почина славниот актер Роберт Редфорд

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk