ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хоџиќ во Брисел: Членството во ЕУ и во НАТО се од голема важност за малубројните заедници

December 1, 2021 09:39
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик директорот на Агенцијата за остварување на правата на помалубројните заедници (АОПЗ), Џелал Хоџиќ, вчера оствари средби со европратеници во Брисел, меѓу кои и со известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

Хоџиќ, кој е и претседател на Странка на демократска акција за Македонија (СДА) се сретна и со пратеникот Карло Реслер од Хрватска.

Пораката која им е повторно пренесена на европратениците на две недели пред клучниот министерски Совет на ЕУ на кој Северна Македонија го чека одамна ветеното отворање на преговори со ЕУ, е дека за земјата членството во Унијата, како и во НАТО се од голема важност за сите етнички заедници, вклучително малубројните.

– Сите помалубројни заедници секогаш се наклонети кон развојот на демократските процеси, како и евроатланските и европските интеграции. Повеќе демократија, повеќе ЕУ и повеќе НАТО, значи повеќе глас и подобар статус за помалубројните заедници, изјави Хоџиќ.

За помалубројните заедници „тоа е подобра позиција да дадат свој придонес во развојот на македонското општество, но и подобра позиција за заштита, развојот и промоција на идентитетот и културата на самите помалубројни заедници“, додаде заменик директорот на АОПЗ.

Според Хоџиќ. треба во пракса да се подобрат правата на помалубројните заедници во Северна Македонија, кои ги предвидуваат Уставот и законите, во областа на образованието на мајчин јазик, промоција на културата, правичната застапеност, како и поддршка за проектите важини на помалкубројните заедници. Хоџиќ на средбите беше придружуван од членови на заедницата на Хрватите.

Next Post

Регистрирани два земјотреси

НАЈНОВО

Џоди Фостер и Ентони Хопкинс. Кларис и Лектор во Кога јагнињата ќе стивнат

Вистинските стравови на Џоди Фостер од Ентони Хопкинс

November 4, 2025

Холандскиот парламент со најголем процент жени-пратенички досега (43%)

November 4, 2025
Фото: Асоцијација за е-трговија на Македонија

Почнува 8. регионална конференција за е-трговија

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војаџерите на НАСА открија „ѕид од оган“ на работ од Сончевиот систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk