ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Од 1 јануари личниот доход се оданочува со една стапка од 10 отсто

Од 1 јануари се зголемува и прагот за ДДВ обврзник од милион денари на два милиони денари.

December 30, 2019 11:16
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter
Од 1 јануари ќе се применуваат измените на Законот за данок на личен доход со кои се става во мирување примената на прогресивниот данок на личен доход. Следните 36 месеци доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права, како и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи ќе се оданочува со стапка од 10 проценти. Во мирување ќе биде ставена и стапката од 15 проценти, што значи дека стапка од 10 проценти ќе се применува и за оданочување на доходот од права на индустриска сопственост, закуп и подзакуп, капитал, капиталните добивки, од осигурување и другиот доход.

Министерката за финансии Нина Ангеловска, кога ги најави измените на Законот за данок на личен доход, рече дека не станува збор за негово укинување, како и дека  став на Владата е оти прогресивен данок може да ја подобри распределбата на доходот во  системот и да даде добри општествени ефекти што би резултирало со поправедно и поразвиено општество.
– За да се постигне ваков ефект, прогресивниот данок треба да има оптимален дизајн во чиј центар е домаќинството, да биде донесен во консултативен процес со сите засегнати страни, да постојат ефикасни механизми за елиминирање на сивата економија и да има зајакната доверба во институциите како и да се воспостават ефикасни и ефективни процеси со искористување на потенцијалот од технологијата, со цел намалување на административниот товар, кој ќе биде распореден на сите, рече тогаш Ангеловска.
Oдлуката за ставање во мирување на прогресивниот данок е донесена врз основа на анализа на големи податоци, што овозможуваат да се извлече тенденцијата и да се донесе заклучок врз основа на електронско пријавување и наплата на данокот на личен доход. Според анализата, приходите кои можеле да се приберат од прогресивното оданочување и повисоката стапка на личен доход се помали за 51,2 отсто во однос на потенцијалот. Вкупно изгубените приходи што можеле да се приберат, а не се прибрале, се оценети на 6,5 милиони евра, тоа се средства кои буџетот можел да ги има, но не ги добил поради промената во однесувањето на даночните обврзници, покажува анализата.
Од 1 јануари се зголемува и прагот за ДДВ обврзник од милион денари на два милиони денари. Со измените во Законот за данок на додадена вредност се менува и периодот во кој обврзникот е должен да остане во системот на ДДВ и тој се скратува на три години од тековните пет години. Со тоа, сите правни и физички лица коишто во 2019 година не го надминале новопоставениот праг, ќе може доброволно да се дерегистрираат од системот.
Од почетокот на следнот месец се одложува примената на две даночни решенија. Нема да стартува оданочувањето на капиталните добивки од хартии од вредност. Новото решение што ќе стапи во сила од 2023 година ги вклучува во оданочување и уделите од инвестициските фондови, кои со досегашното решение беа изоставени. Се воведуваат две даночни стапки, зависно од периодот на поседување на хартиите од вредност и уделите, односно, стапка од 15 проценти за сите оние кои шпекулативно тргуваат на пазарите на капитал, односно истите ги држат кај себе до една година и стапка од 10 проценти со која ќе биде даночен доходот од капиталните добивки од хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд, кои инвеститорите ги чуваат од една до 10 години. Ослободени од овој данок ќе бидат долгорочните инвеститори кои хартиите од вредност и уделите издадени од инвестициски фонд ги чуваат повеќе од 10 години од денот на продажбата, но и хартиите од вредност стекнати од иницијална јавна понуда, со цел охрабрување на компаниите за првично отворање кон јавноста преку издавање акции по пат на иницијална јавна понуда. Спроведувањето на одредбите од Законот нема да биде оставено на товар на граѓаните и данокот автоматски ќе биде пресметуван и уплатуван во Буџетот.
Од први јануари 2020 нема да стартува и примената на данок на камати од депозити. Одлуката за одложување се базира на потребата од нормативно доуредување за известување од страна на банките и штедилниците, како и поедноставување на администрирањето на данокот. Дополнително, со одложениот старт на оданочувањето на капиталните добивки и каматите на заштедите, од 2023 ќе се изедначи третманот на заштедите со долгорочното инвестирањето на граѓаните на пазарот на капитал.
Next Post

Најуспешните работници во „Комунална хигиена“

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk