ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ТРАГЕДИИ

Бочварски: Стоиме на располагање на истрагата за несреќата

December 6, 2021 11:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

За одговорноста за автобуската несреќа има институции што работат и истражуваат, на крај ќе дадат одговор каде бил пропустот и согласно тоа секој ќе си понесе одговорност, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

На новинарско прашање за одговорност на ресорот што го предводи за несреќата во која загинаа 45  патници, а седум беа повредени, Бочварски рече дека во рамки на нивното делување издавањето на лиценците е целосно непречено до овој момент, лиценци се издавани за компани кои побарале да вршат таква дејност, како и изводи од лиценци за сите кои побарале да добијат таков документ за своите возила за да патуваат и да вршат одредена дејност.

Ги поверивме, наведе Бочварски, двајцата возачи кои го возеле автобусот, а кога ќе добиеме информација од надлежен орган или институција, од Обвинителството или од Министерството за внатрешни работи, кои се другите возачи кои поминувале веднаш ќе ги провериме  во базата на податоците, рече Бочварски.

Веќе ги дадовме, дополни, сите документи во Обвинителството кои ги има нашата база на податоци, а се однесуваат за ова правно лице. Стоиме на располагање на истрагата и не би сакал Министерството  да се претвори во истражен орган и да лицитираме со секакви информации. Важно е истрагата да тече согласно процедурите  и тоа што ќе го каже Обвинителството, а ние да бидеме тука поддршка и да ги даваме сите потребни документи и информации. Сметам дека во целиот период доста брзо ја информиравме јавноста. Се она што го имавме како  информација од нашите бази на податоци ја дадовме до јавноста, наведе Бочварски.

Тој информираше и дека повторно е воспоставено полагањето за сертификати за возачите.

-Тоа беше единствена јавна набавка  во Генералниот секретаријат на Владата која се спроведуваше не само за транспорт и врски за полагање на возачи, туку и за полагање за лиценци, за градежно земјиште, судии и обвинители под правда, за труд и социјала, за сите институции што имаат  допир со некакво електронско полагање. Тој процес го водеше Генералниот секретаријат,  завршен е и возачите од четвртокот навака полагаат за да ги обноват свите сертификати,  изјави Бочварски, пред состанокот на Опсерваторијата за безбедност на патиштата на Западен Балкан.

Министерството за транспорт и врски по автобуската несреќа што се случи на 23-ти минатиот месец на автопатот „Струма“ во Бугарија,  ја одзеде лиценцата за работа на  „Беса Транс БТБ”, откако беше утврдено дека превозникот за автобусот немал извод од лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз за патници, ниту пак за друг вид јавен превоз на патници.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

May 9, 2025

(ВИДЕО) Пукање во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, едно лице повредено

May 8, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Кој е Роберт Превост, новиот папа?

May 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Галоп на полжавите во изборна година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk