ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Костадинова Стојчевска од Париз: Парламентарната опозиција не треба да биде пречка за демократски и ефикасен парламент

December 6, 2021 16:11
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Бисера Костадинова Стојчевска. Фото: архива

Бисера Костадинова Стојчевска. Фото: архива

Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката Бисера Костадинова Стојчевска, заменик-шеф на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, учествува на седницата на Комисијата за политички прашања и демократија, што се одржува денеска во Париз, Франција.

Костадинова Стојчевска во изјава за Фронтлајн, вели дека ова е редовно заседавање на оваа комисија и нагласува дека една од поглавните теми денес била владеење на правото и улогата на парламентоте во градењето на демократијата.

Бисера Костадинова Стојчевска во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Париз, Франција

Во рамките на дискусијата за јакнење на улогата на Советот на Европа како темел на европската политичка структура, каде стана збор за уназадување на демократијата и улогата на опозицијата и мнозинството во парламентот, Бисера Костадиновска Стојчевска во своето излагање истакнала дека парламентарната опозиција не треба да биде пречка за демократски и ефикасен парламент при што спомналс дека нашата парламентарна опозиција со 5.000 амандани, спречи промена и дополнување на Деловникот за работа на Собранието, со што ќе се овозможеше работа на законодавниот дом он-лине. Таа, нагласила дека парламентот, како целина, треба да се бори против лажните вести за да придонесе за современа демократска средина.

Како што известија собраниските служби, на Комисијата за политички прашања и демократија, членовите расправале за унапредување на здравствените демократии во Европа, влијанието на BREXIT врз човековите права на островот на Ирска, зачувување на столбовите на демократијата во текот на здравствената криза,  за воведување на статусот „млад партнер“ со Парламентарното собрание, за зајакнување на улогата на Советот на Европа во европската политичка архитектура, за геополитиката на Медитеранот, за формирање на поткомисија за 2022 година и за визијата на Собранието за  стратешките приоритети за Советот на Европа.

Ј. Ѓорѓиоски

 

 

Next Post

Сојот „Омикрон“ засега не влијае врз здравствениот систем во Јужна Африка

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk