ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КРИМИНАЛ

МВР: Пресечен шверц на дрога од Косово, запленета марихуана вредна околу 600.000 евра, приведени шест лица

December 9, 2021 13:19
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Во координирана полициска акција вчера е пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога од Косово на територијата на нашата држава, при што се запленета околу 200 килограми марихуана во вредност од околу 600 илјади евра и се лишени од слобода шест лица – македонски и косовски државјани, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Акцијата е спроведена од полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, и тоа Оддел за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога.

Како што соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска, на автопатот „Пријателство“ од страна на полициски службеници при извршен преглед на патничко возило „Опел Зафира“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.П. (51) од Скопје, биле пронајдени патнички куфери во кои имало 55 пакувања марихуана. Истовремено, при контрола на патничко возило „БМВ Туран“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р. (30) од Скопје биле пронајдени црни вреќи со вкупно 116 пакувања марихуана.

Во близина на бензинска пумпа биле сопрени две патнички возила, и тоа „Мерцедес“, со струмички регистарски ознаки, управувано од О.А. (36) од Скопје, каде како сопатник бил  косовскиот државјанин Џ.Љ., како и патничко возило „Мини Купер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А. (33) од Скопје, каде како совозач бил Б.Р. (24) од Скопје, кои биле ангажирани за да го обезбедуваат транспортот на дрогата, информираат од МВР.

Во консултација со Јавен обвинител, по добиена наредба од страна на судија на претходна постапка на Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес во дом на Б.Р., при што биле пронајдени торба со 29 пакувања со марихуана, кеса со марихуана, фантомка, дигитална вага и 11 куршуми, додека при извршен претрес во домот кај Е.А. пронајдени се еден сигнален пиштол марка „Екол“ 9мм со празна рамка, како и еден пиштол „Црвена застава“ 9 мм со една рамка со 10 куршуми за него, додека во куќниот двор било пронајдено патничко возило „БМВ“ донесено од Косово без соодветна документација, при што од страна на Царинската управа е одземено за понатамошна проверка.

До надлежното Јавно обвинителство, како што информираат од МВР; против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 и член 396 од Кривичниот законик./МИА/.

Next Post

Груби: Постои оптимизам за добивање позитивен сигнал на декемврискиот Самит на ЕУ

Shortcut

Најново

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk