ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Алијанса на Албанците нема да даде поддршка за предлог на Буџетот за 2022

December 13, 2021 15:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
О. Бошњаковски/ ФРОНТЛАЈН

О. Бошњаковски/ ФРОНТЛАЈН

Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците денеска трет ден расправаат за дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година. Претпладневниот дел помина во меѓусебни обвинувања на власта и опозицијата за тоа дали доволно средства се одвојуваат за образованието, а беа упатени и критики за слабата реализација на капиталните инвестиции. Алијанса на Албанците се изјасни дека нема да даде поддршка на Предлог-буџетот за следната година.

Според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Предлог-буџетот е преобемен и со него нема да се подобри секојдневното живеење на граѓаните. Предлог-буџетот, како што посочија, нема да донесе ништо добро за здравството, образование и социјалната.

– Буџетот е контрадикторен сам по себе, не нуди никакви одговори на засегнатите прашања што го обременуваат македонскиот граѓанин. Овој буџет нема да донесе ништо подобро во образованието, здравството  и социјалата и во ништо друго што го засега битисувањето на секојдневното живеење. Успеавте во една година да ја донесете државата во три кризи, рече Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Забелешка на опозицијата е и тоа што помалку средства се одвојуваат за изградба на училишта, а повеќе за реконструкција, на што реагираше пратеничката Жаклина Лазаревска од СДСМ, која посочи дека тоа е така затоа што анализата што за првпат ја има направено Министерството за образование покажала дека има многу помалку побарувања од општините за изградба на нови училишта, а многу поголема потреба од реконструкција на училиштата.

Од Алијанса на Албанците се изјаснија дека нема да гласаат затоа што, според нив, приоритетите во Предлог-буџетот се нереални, има отсуство на транспаретност, загрижува нивото на јавниот долг и постојат причини поради кои може да не се реализира предвидената стапка на економски раст.

–  Северна Македонија е типичен пример на земја со неуспеси и во реализацијата на капиталните инвестиции. Станува збор за несериозни предвидувања и слаба реализација на капиталните инвестиции. Капиталните инвестиции планирани за оваа година имаат реализација од 60 проценти. Уште две недели завршува оваа календарска година, а имаме реализација од 60 проценти, рече Елми Азири од Алијанса на Албанците.

Според Азири, загрижувачки показател е и порастот од 7,4 проценти на расходите за камати за задолжување во однос на 2021 година што ги прави, како што рече, некредибилни настојувањата за сериозно ангажирање за фискална консолидација.

На ова реагираше министерот за финансии Фатмир Бесими, кој посочи дека во овој буџет има најголемо ниво на капитални инвестиции и со него ќе бидат опфатени сите приоритети за следниот период. Во однос на финансиската консолидација рече дека се донесени сите документи кои се во насока на фискална одржливост и во кои се предвидени мерки за економски раст.

Седницата продолжува во 16:30 часот по редовната едночасовна пауза. Расправата за буџетот на пленарна седница трае пет дена.

извор: МИА

Next Post

МекДоналдс планира да отвори речиси 200 нови ресторани во Италија до 2025 година

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk