ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Објава на пресудата за агентот за недвижности обвинет за измама на десет лица

December 14, 2021 09:15
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Осум месеци откако МИА го обелодени случајот во кој агент за недвижности оштети десет граѓани со измама при купопродажба на станови, во Основниот Кривичен суд – Скопје, денеска треба да биде објавена пресудата за обвинетиот агент кој на последното рочиште ја призна вината за стореното кривично дело и обесштети 21 отсто од целосниот износ што го должи.

– Јавно се извинувам на оштетените во оваа судница, ова ќе ми биде многу добра поука како да постапувам во животот, изјави обвинетиот, додавајќи дека во рок од три месеци ќе ги врати целосно парите кои ги должи.

Оштетените побараа вкупно оштетно побарување од околу 48 илјади евра. Деветмина изјавија дека бараат кривичен прогон за обвинетиот, додека еден остави Судот да одлучи.

Обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска, во завршните зборови, како неспорно отежителна околност го посочи фактот што кривичното дело е сторено во дури десет наврати во релативно краток временски период, и, како што рече, „дрскоста на обвинетиот по извршувањето на кривичното дело кога во заблуда ги држел оштетените подолг временски период, наведувајќи разни изговори дека со склучување на договор за купопродажба на определени станови сепак ќе дојде“.

Таа од Судот побара казна која на обвинетиот ќе му влијае како прекор за стореното кривично дело, казна со која ќе го сфати значењето на стореното, и, особено, казна која ќе го одврати обвинетиот во иднина да се јавува како сторител на вакви или други кривични дела.

Бранителот на обвинетиот од Судот побара условна осуда со која, како што рече, „ќе се постигне целта на казнувањето“. Тој го посочи моментот што обвинетиот го призна делото што му се става на товар, неговото примерно однесување во текот на постапката како и фактот што истиот не е осудуван досега.

МИА го обелодени случајот и континуирано бараше одговори од пријавата за „Измама“, која беше доставена до Министерството за внатрешни работи на 23 март 2021, до оформувањето на предмет, лишувањето од слобода на агентот, како и постапката која ја поведе Обвинителството и определените мерки за претпазливост, па сè до Обвинителниот предлог кој следуваше веднаш по укажувањето од МИА дека оштетените во видео изјава за нашиот медиум ги споделија своите сведоштва.

Првата расправа за овој предмет беше закажана за 1 јули годинава, при што на неа обвинетиот не се појави и таа се одложи за 1 септември. На расправата која се одржа на 1 септември обвинетиот агент за недвижности изјави дека до 20-ти септември ќе обесштети дел од сумата, а до крајот на октомври ќе го врати целиот износ од околу 48 илјади евра со кои оштетил 10 граѓани. На расправата закажана на 20-ти септември, обвинетиот повторно не се појави, со што судот му определи мерка притвор.

Неколку дена по одржаната расправа на која поради отсуството на обвинетиот му беше определена мерката притвор, на прашање на МИА до каде е приведувањето, од Основниот Кривичен суд – Скопје изјавија дека тој доставил медицинска документација дека бил здравствено спречен да дојде на расправата закажана за 20-ти септември. Десетина дена по расправата на која судот определи мерка притвор за агентот, од Кривичен бараа обвинетиот да ја комплетира претходно доставената медицинска документација за „оправдано отсуство“.

По сето ова, главната расправа беше закажана за 26 ноември 2021 година, меѓутоа,  не се одржа заради отсуство поради боледување на судијката и беше презакажана за 7-ми декември кога обвинетиот ја призна вината и обесштети дел од парите што ги должи.

Обвинетиот, 41 годишен скопјанец, се товари за кривичното дело „измама“, бидејќи, според обвинението, тој довел и држел во заблуда десет лица – оштетени, на кои лажно им прикажувал факти дека како агент за недвижности во своја Агенција за недвижности е овластен од име на  сопствениците на станови да ги продава нивните станови на други лица. Обвинетиот ги огласувал становите и ги покажувал за продажба, со што ги навел оштетените да сторат штета на својот имот од поголема вредност.

Застапник на обвинението е обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска, а случајот го води судијката Александра Ристеска. Пресудата е закажана денеска од 9:30 часот во Основен Кривичен суд – Скопје.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Манастирот „Свети Никола“ во Мариово бележи 750 години постоење и раритетна историја

НАЈНОВО

Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

October 15, 2025

Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

October 15, 2025
Генерирано со ВИ

Кина го поткопува меѓународниот поредок, смета Водефул

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истакнати американски медиуми го отфрлаат ограничувачкиот нов правилник на Пентагон за новинарите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk