ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Стојковски: Бугарија не е подготвена за преговори, и во иднина ќе го блокира влезот на Македонија во ЕУ

December 15, 2021 10:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вчера Советот за општи работи на ЕУ даде временска одредница „до крајот на годината” како рок за одржување на првите меѓувладини конференции со Скопје и Тирана.

– Во недостаток на решение, или во недостаток на простор за политичко маневрирање, има простор за маневрирање лингивистичко, изнаоѓање на формулации кои најдобро ќе одговараат на потребата, а протоа нема да кажат ништо ново или ништо што реално знаат дека не смеат да го кажат. Тоа не е  ништо поразлично од досегашните формулации. Сега зборуваат само што е поскоро можно одржувањето на Меѓувладината конференција, а знаат колку е невозможно тоа да биде најскоро, коментира Андреја Стојковски, директор на Институтот „Преспа“ во разговорот за Утрински брифинг.

Во однос на дадениот рок од шест месеци, Стојковски лично смета дека тоа покажува само дека Бугарија не е подготвена за преговори за да се откочи оваа приказна меѓу двете земји.

-Мое лично мислење е дека реално на нив ќе им треба повеќе време. Ако сакате да преговарате тогаш не си ги ограничувате можностие за преговори. Бугарија излезе со максималистички барања утврдени во Резолуција во бугарскиот парламент на која најчесто се повикуваат како на правна пречка за да согласат со било каква промена. Се додека не ја сменат или укинат резолуцијата не очекувам дека Бугарија ќе биде подготвена да преговара. На Петков му требаат тие шест месеци за да се подготви внатрешно. Има таков народ многу агресивно истапуваше против. Не знам колку ќе биде прагматичен ако Петков се одлучи да ја укине резолуцијата може да дојде до проблем и за Петкво и за Бугарија и да дојде нестабилност внатре во владата, анализира Стојковски.

Претходно не ја слушнавме за позиции на бугарската јавност. Сега излезе анкета на колку луѓе им е поважно да ги разрешиме односите помеѓу државите тколку да напредува земјава на патот кон ЕУ. Тоа се ситни показатели на неподготвеноста на Бугарија.

Тој смета дека има многу работи за кои објективно можеа да се договорат досега двете земји.

-Може да се покаже дека шест месеци ќе биде прилично долго време за преговори. Бугарија да се согласи со оние две утврдени мерки кои ги зборуваат за да можеме да ги отпочнеме преговорите. Ако Бугарија нема време да се подготвори внатрешно, ние ќе немаме време за преговори со ЕУ. Според мене најдобро е да се договорат коалициските партнери внатре во Бугарија за укинување на резолуцијата или за менување која ќе одговара на позициите на Петков, на пример дека двете држави ќе се обидат да ја јакнат соработката заради добрососедските односи, заради пријателството помеѓу државите и тоа нема да го попречува пристапувањето на државава во ЕУ. Консензус е начинот на одлучување на советот и тој нема да се промени и ќе го имаме уште 130 и незнам колку пати во текот на целото пристапување така што Бугарија ќе има објективна шанса да го блокира пристапувањето и во иднина. Ние реално немаме многу време за да оставме на случајност или на непотребни договарања, смета Стојковски.

Тој во заклучоците забележал дека стои „Република Северна Македонија“ што е спротивно на сите други договори каде стои само името на државата како на пример Албанија, Црна Гора по што очекува Бугарија да даде  билатерална изјава во којашто ќе каже дека јазикот е официјалниот јазик на државава, а ЕУ ќе продолжи да го користи „македонски јазик“ како формулација за да може да се продолжи понатаму.

-Сметам дека најдоборо би било да се усогласиме околу овие три чекори веднаш за да можеме во најскоро можно време, јануари или март, кое е најскоро можно време, не толку за нас, колку за Комисијата да се подготви за првата Меѓувладина конференција и да ги почнеме преговорите зошто од првата до втората Меѓувладина конференција ќе има малку време во кое ќе можеме комисиите да ги конституираме, да утврдиме за што ќе зборуваме и тоа да го туркаме паралелено со преговорите. Зошто преговорите се најважната рамка каде Унијата создава најголем притисок врз државата која пристапува, во случајот врз нас, за реформи, толку и за согласност за изнаоѓање на заедничко решение за разбирање со Бугарија за некои од точките кои тие ги спорат. Тоа ќе биде многу тежок процес зошто сеќавањата се многу свежи, дециден е Стојковски.

Извор: Утрински брифинг

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Кристофер Хил: Загрижен сум за многу прашања поврзани со денешна Србија и Балканот

НАЈНОВО

Гаши: Изборите не се институционална формалност, упатувам јасен повик до сите да се воздржат од секоја форма на притисок, користење на говор на омраза, поларизирачка пропаганда и злоупотреба на јавните ресурси

September 28, 2025

Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

September 28, 2025
Џелал Хоџиќ

Претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ: го честита Денот на Бошњаците: Секогаш да сме пркосни на сите деструктивни сили и политики

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk