ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Започнува креирањето на првиот AI дигитален асистент за државна помош во регионот

December 15, 2021 13:51
in TECH FRONT, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот Фатмир Битиќи, директорите на ФИТР, Kоста Петров, на TИРЗ, Јован Деспотовски и на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески, присуствуваа на презентацијата на концептот за креирање на првиот AI (artificial intelligence) дигитален асистент за државна помош во регионот, којшто е избран како најдобар на јавниот повик кој го објави ФИТР, а кој беше презентиран од страна на претставникот на компанијата која ќе го реализира проектот, домашната ИТ компанија, Кодвел (CodeWell).

Проектот којшто е наречен „CodeWell AI дигитален асистент“ базиран на вештачка интелигенција, е оценет во конкуренција на три проекти, како најиновативната идеја, за создавање дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција, кој ќе се користи за потребите на програмите за државна помош, а ќе се имплементира во Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони и Фондот за иновации и технолошки развој. Средствата за реализација на овој проект, во вкупен износ од 9 милиони денари се обезбедени од буџетот на Фондот и претставуваат 100% поддршка од вредноста на проектот.

Вицепремиерот Битиќи и директорите Петров, Деспотовски и Павлески едногласно се согласија дека оваа дигитална алатка ќе ја подобри уште повеќе транспарентноста на институциите и ќе ја олесни комуникацијата и пристапот до информации на домашните и странските компании и инвеститорите за мерките за државна помош.

Дигиталниот асистент базиран на вештачка интелигенција ќе биде способен да ги дава потребните услуги на три јазици: македонскиот (на кирилица и латиница), албанскиот и англискиот јазик на ниво на човек, а граѓаните и потенцијалните странски инвеститори ќе можат да разговараат со асистентот преку разменување на текстуални пораки, на било кој од овие три јазици. Тој ќе биде достапен 24/7 и ќе може да услужува неограничен број на корисници истовремено. Ќе биде достапен на интернет, Фејсбук месинџер и на Вибер. На тој начин ќе биде подеднакво добар и за оние корисници кои не се толку умешни со технологија, бидејќи се што треба да направат е да прашаат за тоа што им е од интерес без притоа да ја напуштат омилената апликација за електронска комуникација која веќе ја користат.

Се очекува дека со воведување на дигиталниот AI асистент до 80% ќе се автоматизираат сите интеракции со корисниците, што ќе придонесе до голема заштеда на ресурси, проактивна комуникација со граѓаните, намалување на метежот во институциите, како и поефикасни и поефективни процеси, услуги и зголемување на продуктивноста на вработените.

Според јавниот повик, имплементацијата на проектот може да биде во времетраење од вкупно 24 месеци: 12 месеци за развој и имплементација и 12 месеци за одржување и надградба.

Присутните се согласија дека употребата на вештачката интелигенција за различни услуги и производи е особено важна и заклучија дека ваквите дигитални АИ асистенти во голем број земји веќе се сегашноста, а не иднината. Директорот на ФИТР, Коста Петров, во насока на активностите кои ги спроведува Фондот, за поддршка на дигитализацијата, информираше дека наскоро ќе започне и дигитализација на картотеките на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков, а во 2022 година веќе се планирани активности од областа на АИ и поддршка за дигитализација во разни индустрии.

Компанијата која ќе го реализира проектот, Кодвел (CodeWell AI – www.codewell.ai) е дел од серијата на Conversational AI технологии, кои се подготвени да направат револуција во канцелариската работа на начин на кој роботите направија револуција во производството и има богато портфолио на проекти поврзани со информатичко-комуникациски алатки и апликации, како и вештачка интелегенција.

На големото финале на натпреварот „Spotlight 2021, водечка програма во Централна и Источна Европа посветена на технолошки стартапи со висок потенцијал за раст организиран од страна на How to Web, одржано на 24 ноември, македонскиот стартап Кодвел го освои второто место како едно големо признание за успехот на нивната технологија.

Next Post

Затворен патот Куманово – Св. Николе кај селото Габреш поради сообраќајка

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk