ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Што ќе им е иднина?

December 16, 2021 14:44
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Share on FacebookShare on Twitter

БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ

Враќањето во минатото не го отвара патот во иднината. Никому. Минатото нуди сознанија, нуди искуства, пријатни и непријатни сеќавања преку кои не смее да се нуди омраза и неподносливост токму заради тоа што станува збор за минато, за историја, за било па поминало. Тие што немаат моќ и самоспознание да ги избришат непријатните сеќавања и записи од историјата, од минатото, да ги заборават лошите, да ги запаметат добрите дејствија и записи, немаат иднина.

Историјата е наука за која пишуваат историчарите. Тие записи ги читаат обичните, необичните и историските аналитичари од двете страни, ги прожектираат современите ебиветри за да го задржат чувството на омраза помеѓу едните и другите. Едните се во право, другите се во криво. Индијанци и каубојци, Комити и Чпиони, Германци и Партизани, Мирко и Славко, Крале Марко односно Краљевиќ Марко. Таквото толкување на историјата и таквото прифаќање на минатото не нуди прогрес и просперитет. Иднина ИЧ. Вистината за историските настани се разбира како индивидуален заклучок на секој поединец во зависност од тоа кој ја запишал и дали во тие записи се пронаѓа себе во проектот на добрите односно лошите, како факт, како единствено погрешна вистина, како темел врз кој ќе се гради омразата на едните према другите, и на ништо друго. Заслепени од прогресот, од секојдневните цивилизациски брзи промени за поквалитетна и подобра иднина, сами се заглавуваат во 10 век, во 11 век, во 3 век прад нашата ера и така натаму…

Лошите искуства во животот на едните, од лошиот татко на добриот син, не смеат да му обезбедат светла иднина на синот, ниту на децата на синот, ниту на децата на децата на синот. Тој, тие, во второ, трето или енто колено мораат да бидат прогласувани како потомци на лошиот татко, затоа што така запишал потомокот на нашиот татко, и тука, во оваа жабокречина не може да има спас. Толкувањето на историските и настаните од минатото е совршена алатка со која денешните поколенија самоиницијативно се жбрцуваат во калта и катранот на балканската омраза, верувајќи дека со тој тврдоглав однос им помагаат на следбениците. Најважно е да се докаже дека Гоце е Бугарин, дека Самоил и Климент се Бугари, дека Сандански и Александров се чистокрвни Бугари, дека брак помеѓу Бугарка и Македонец, и обратно, нема смисла. Зошто? За ние да докажеме дека сме Македонци, тие да се удараат во гради дека ние сме Бугари, не Македонци? Како е можно дефинирана нација во 21 век, да запнува да се бори за својот идентитет преку овие сулуди проекции за тоа, чија историска вистина е вистинска?

Патувајќи од Македонија кон Бугарија, 1969 година, со семејниот Москвич 407, ми текна на еден муабет на татко ми, кој, на делницата Куманово – Крива Паланка, рече: Знаеш ли синко зошто патов е проектиран со овие оштри серпентини во длабоки клисури, зошто е тесен па мораш да чекаш на некое проширување ако од спротивната страна видиш автобус или камион, и зошто на секоја кривина од овие серпентини има високи челични конструкции во облик на мали пирамиди? Молчев. Не знаев зошто. Ми рече: Затоа што ако Русите решат да ја нападнат Македонија преку Бугарија, да не можат брзо да дојдат до Скопје. На овој начин државата се заштитува од потенцијалните непријатели, а Бугарија под Тодор Живков беше сојузник на Русите, односно на Варшавскиот пакт, потенцијален непријател на државата Југославија во чија Федерација беше и Република Македонија. Ебиго друже судија, а на пат кон Турција низ Бугарија, немаше место, село, град, населба, каде не бевме пречекувани со насмевки, со неверојатна искрена присност и добредојде во секој ресторан, во хотел, на улица, на тротоар, секаде, од Ѓуешево до Капикуле. Овие луѓе да ја нападнат Македонија, си велев во себе, нема шанси. Стариот мора да се заебавал со мене. Но, таа беше реалноста, тогаш…

Кога би се замрзнал во зборовите на татко ми, кога би се жбрцал во таа параноја за непосредна опасност од луѓето кои лично ги почувствував како добронамерници, многу слични на мене и моите, на нашата гостоприемчивост, кога јазикот не ни претставуваше бариера за да можеме во секоја смисла да се разбереме иако живееме одделени со гранични линии, да си размениме муабети, не за историјата, туку, за животот сега, за евентуалната иднина, тогаш и јас би бил ист како некои егзамплари на бугарското вето на Македонија за почеток на преговорите со ЕУ, односно, како примерок на македонски патриот ебиветер кој се врти како хартиена вртелешка на стапче жбрцано во мочуриштето на балканската историја извикувајќи “Македоња цела да е, една да е, конгрес во Солун!“…

Бугарите знаат дека ниту од мене, ниту од себе ќе направат поголеми Бугари односно Македонци. И ние и тие знаеме дека, не серпентините и челичните бариери на тесните патишта едни кон други, туку правите автопатишта, двојните пруги, висечките мостови, вијадуктите и осветлените тунели се единствената иднина кон добрососедство, кон зближување и доверба, кон вистинско заедништво. Тоа го нудеше Заев во преговорите со браќата Бугари. Тоа би го понудил секој иоле нормален жител и во двете држави. И затоа заминува од позицијата премиер и претседател на владеачката СДСМ како човек, како човек со големо “Ч“. А за нивните и за нашите патриоти важи истата и единствена иднина – Да ги оставиме да не излезат од минатото со сета концентрација на омразата и злобата во себе. Ваквите егзамплари не заслужуваат проста иднина, камо ли ЕУ иднина. Тие се заглавени во мантрата судбина, наместо иднина. И стварно, што ќе им е иднина…?


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Марш на црвените чадори. Декември 2019 година. фото: Ванчо Џамбаски

Што значи декриминализација на сексуалната работа, според СТАР, прв колектив на сексуални работнички и работници на Балканот?

НАЈНОВО

Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

September 16, 2025

Кандидати за претседател на Бенфика ветуваат нови тренери: Клоп и Аморим како опции

September 16, 2025

Крстевски: Побезбедно и поправедно општество е најмалку што им должиме на жртвите и на идните генерации

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk