ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МОН: Над 181 милион денари за капитални инвестиции само во ноември и декември, градиме и реконструираме училишта за квалитетно образование

December 18, 2021 14:47
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вложувањето во образовната инфраструктура е еден од приоритетите на Министерството за образование и наука. Само во последните два месеци инвестираме 181 милион денари во 24 училишта. Во ноември и декември се склучени 16 договори за капитални инвестиции во основни и средни училишта во 13 општини, во градски и рурални средина. За оваа намена се издвоени 127,5 милиони денари од буџетот на МОН. Дополнително, за уште 7 договори во вредност од 53,7 милиони денари, се чека банкарска гаранција, информираат од Министерството за образование и наука.

Поконкретно, основното училиште „Александар Турунџев“ во Кукуречани, општина Битола, со целосната реконструкција ќе добие нов изглед и одлични услови за изведување настава. Договорена е и изградба на објект за подрачното училиште во Лешница, општина Желино „Луис Ѓуракуќи“. За изведување на градежни работи за реконструкција и адаптација на објектот на основното училиште „Јосип Броз Тито“ во Жировница во општина Маврово-Ростуше се наменети 6,9 милиони денари а реконструкцијата на фасадата и кровот како и санитарни јазли во основното училиште „Панко Брашнаров“ во Велес чинат 11,9 милиони денари.

Во Кочани, во основното училиште „Никола Карев“ ќе се изврши реконструкцијата на кровот и фасадата, како и адаптација на тоалетите и изградба на пристапна рампа, додека музичкото училиште „Ристо Јуруков“ ќе добие тоалети за лица со посебни потреби а ќе биде реконструиран и кровот.

Објектот на основното училиште „Карпош“ во Умин Дол, Куманово, ќе биде реконструиран и адаптиран, за што од буџетот на МОН се наменети 7,1 милион денари. Подобри услови за учење ќе добијат и основците од село Радибуш во општина Ранковце, каде ќе се изведе комплетна реконструкција на училишната зграда на „Х.Т. Карпош“, што не е обновена од изградбата, пред повеќе од половина век.

Реконструкција на кров ќе се изврши на основното училиште „Св.Климент Охридски“ од општина Македонски Брод, а  за училиштето „Симче Настовски“ од Вратница, општина Јегуновце, склучен е договор за реконструкција на кровот на стариот објект и на фасадата и котларата и на стариот и на новиот објект. Во општина Крушево, основното училиште „Никола Карев“ ќе добие реконструкција на кров и на фискултурна сала.

Реконструкција на подови, поставување на топлотна изолација на надворешна фасада, реконструкција на санитарни јазли и изградба на тоалет за лица со посебни потреби ќе се изведе во основното училиште “Димитар Поп Беровски” во општина Ѓорче Петров. Ќе се реконструира и објектот на основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“ во општина Кисела Вода, а во општина Бутел ќе се изврши реконструкција на подот во фискултурна сала и на придружните простории во основното училиште „Живко Брајковски“.

И во средното општинско училиште во Куманово „Перо Наков“ ќе се изведе реконструкција и адаптација на столарија, термоизолација на фасада и адаптација на тоалети, за што од буџетот на МОН ќе се исплатат 10,5 милиони денари. Ќе следи и рехабилитација на двете средни општински училишта „Јане Сандански“ од Битола и „Јовче Тесличков“ од Велес.

Подобрувањето на условите во кои се одвива наставата е една од трите основни компоненти на планот за модернизација на националниот образовен систем, покрај обезбедувањето на нови наставни програми и материјали за учење како и јакнењето на капацитетите на наставниот и стручниот кадар во училиштата. Квалитетно образование може да се постигне само со истовремено и континуирано вложување во сите три сегменти.

Со околу една милијарда денари предвидени за капитални инвестиции во тековната 2021 година, МОН плански вложува во подобрување на условите за учење и работа на учениците и наставниците. При тоа, услов за да се добијат буџетски средства од МОН е објектот да е пристапен за лица со попреченост, или со проектот да се овозможува пристап, затоа што обезбедувањето квалитетно образование значи и обезбедување услови за инклузивно образование, наведуваат во во соопштението МОН.

 

Next Post

Отворено писмо на Заев, Вучиќ и Рама до регионот: Ги покануваме соседите да се придружат на Отворен Балкан

Shortcut

Најново

Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

October 13, 2026

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk