Нова песна„Revitalization“ и видео спот на Гаро Тавитјан и соработка со најголемата Американска компанија за чинели во светот „Zildjian Company“. Во „Revitalization“ гостуваат неговиот брат Диран и еден од најдобрите светски гитаристи Френк Гамбале
„Чест и задоволство ми е да ја споделам со вас мојата нова песна и соработка за најголемата Американска компанија за чинели во светот „Zildjian Company“ на која ни гостува еден од најдобрите светски гитаристи – член на култниот бенд Chick Corea електрик бенд Френк Гамбале како и мојот брат Диран Тавитјан на клавијатури. Френк Гамбале е светски гитарски идол и дел од нашата музичка наобразба како и на целокупната рок, фјужн и музичка сцена во светот. Благодарам и на интернационалниот уметник Надја Петровиќ чие ликовното дело го искористивме и беше инспирација за музиката“, објави на својот Фејсбук профил Гаро Тавитјан
Гаро искрено се надева дека ќе уживаме во новата соработка која, како што вели, воедно претставува историја за нас и за нашата музика!
Посебна благодарност искажува до компанијата Зилџан, Vic Firth, Remo Inc. и на Френк Гамбале за подршката и учеството.
Музика, аранжман, продукција, тапани и клавијатури – Гаро Тавитјан
Френк Гамбале – Гитара
Диран Тавитјан – Клавијатура (соло) & Перкусии.
Ј. Ѓ.