ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Баша: Бериша повеќе не е во структирите на ПД, нема место за лица кои се закана за прозападната ориентација на Албанија

December 18, 2021 21:21
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на опозициската Демократска партија Љуљзим Баша, на денешното Национално собрание на партијата, вети дека силата што ја предводи ќе биде една од најчистите субјекти во Албанија, јави дописничката на МИА од Тирана.

– Во структурите на Демократската партија нема место за лица кои ја нарушуваат западната ориентација на Албанија, со популистички девијации и слепи национализми насочени кон дестабилизација на регионот и создавање неизвесност за иднината на Албанија. ПД треба да биде гаранција на Албанците кои ќе живеат во земја со очи, ум и тело на запад. Како ќе биде денеска ДП, утре ќе биде Албанија, рече Баша.

Тој додаде дека нема да дозволи дел од ПД да бидат лица кои го засрамуваат албанското општество.

– Срцето ми е преполно што ве гледам сите заедно денеска, во ден кога имаме многу да кажеме, ден на размислување, обединување и одлука заедно да го избереме патот на иднината. Не сме собрани да се тапкаме по раменици, туку да кажеме некои вистини кои одамна не сме ги изговориле или само сме пелтечеле. Знам дека некои се желни да ги слушнат, а знам дека другите можеби ќе бидат вознемирени од нив. Но, денеска се собравме во име на вистината, рече тој.

Пред донесувањето на неколкуте одлуки Баша порача дека треба да се донесат одлуки кои ги посакува Албанија.

– Ова е голем, храбар чин, затоа што ќе треба денеска да го донесеме она што го сака Албанија, рече меѓу другото Баша.

Една од одлуките е во централните структури на Демократската партија да не се избираат лица прогласени за персона нон грата, како и онаа одлука со која за неважечки ги прогласи сите одлуки, меѓу нив онаа за разрешување на Баша од лидерската фунција, што беа донесени на собранието свикано од страна на Бериша, што се одржа на 11 декември.

– Бериша повеќе не е во структирите на ПД, нема место за лица кои се закана за прозападната ориентација на Албанија, порача Баша по изгласувањето на одлуките.

Националното Собрание има вкупно 7.600 делегати, а на денешната средба учествуваа 5.004 делегати.

Во меѓувреме продолжено е гласањето во повеќето гласачки места во општинските организации на партијата во рамки на референдумот организиран од Бериша и приврзаниците, за разрешување на Баша, на кој право на глас имаа 75 илјади демократи.

Next Post

Алтернатива ги дефинира предлозите: Беким Сали за министер за здравство, Адмирим Алити за информатичко општество и администрација

Shortcut

Најново

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

„Кога не би бил институција, знам како се решава ова“: Мицкоски очекува судовите да постапат за заканите упатени кон него

September 14, 2026

СДСМ бара истрага од Обвинителството: Каде завршија 5,5 милиони евра од лотаријата за прославата со Дејвид Гета?

September 14, 2026

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

(ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk