Тешко е да се зборува за „модни грешки“ бидејќи не постои само еден стил кој одговара на секоја жена. Самодовербата секогаш оди рака под рака со модата, а тие два елементи ги трансформираат традиционално „нешик“ парчињата. Иако едно парче може да изгледа „неубаво“ на една жена, истото парче може да изгледа зачудувачки на друга, и тоа е само затоа што нејзината самодоверба помага да изгледа добро. Кога навистина уживате во некое парче, тоа автоматски станува шик за вас.
Но, понекогаш има моменти во животот на луѓето кога ќе се погледнат во огледало и ќе помислат…кога јас станав толку напнат? Зошто целата оваа облека е погрешна? Зошто не се чувствувам добро во ова? Ако неодамна сте го имале тоа искуство и не можете точно да одредите што со вашата облека прави да се чувствувате постари отколку што сте, тогаш оваа листа може да ви помогне да намалите некои од овие модни виновници.
Носење облека како вреќа
Овој моден совет, не предлага да носите само тесна облека за да изгледате „помладо“. Наместо тоа, предлага да носите парчиња што се прилагодени на вашето тело.
Понекогаш е забавно да се носи широка облека. Лабавиот летен фустан е романтичен, а широката туника или лелеавиот пар панталони можат да направат да се чувствувате боемски. Проблемот доаѓа кога постојано носите парчиња кои се преголеми затоа што не ви е удобно во вашето тело или се чувствувате дека треба да го сокриете. Има разлика помеѓу носење нешто што е дизајнирано да биде лабаво, и носење нешто што очигледно е преголема големина!
Лошо држење на телото
Слично како да носите градник што не одговара, така и лошото држење веднаш ве старее. Облеката ви седи поинаку кога грбот е исправен, а рамената се назад. Изгледате здраво, енергично и елегантно кога вашето држење е исправено.
„IFGfit“ е спортска облека за корекција на држењето на телото, создадена од ортопедски хирург по спортска медицина, кој сакал да и помогне на својата мајка во борбата со ракот. Забележал дека таа се чувствува помалку уморна кога нејзиното држење е исправено, па ги создал овие парчиња за да и помогне.
Носење трендови кои одамна се изминати од мода
Жените кои се облекуваат во ретро мода изгледаат неверојатно, а оние кои избираат да се препуштат на мали акценти овде и таму (како да носат панталони со висок струк од 60-тите или блејзерите од 90-тите), изгледаат подеднакво стилски. Бидејќи модата е циклична и сè на крајот се враќа во стил, нема ништо лошо во позајмувањето од минатото. Но, лошо изгледа кога ненамерно го правите тоа.
Ако имате ретро чувство за стил, тогаш таа естетика одговара на вашата личност и вашата самодоверба ви помага беспрекорно да ја извлечете. Но, кога носите застарени парчиња едноставно затоа што не сте го ажурирале плакарот во последните неколку децении, тогаш тоа на крајот изгледа непријатно, а не винтиџ.
Не мора секогаш сè да одговара
Пред неколку децении, олицетворение на стилот било чевлите да одговараат на вашата чанта, а чантата да одговара на вашата капа. Тоа стилско правило сега се чувствува застарено бидејќи модата прифати повеќе наклонетост кон судири на повеќе бои.
Тоа не значи дека никогаш чевлите, чантата и капата да се совпаднат, но пробајте ја алтернативата со неколку комбинации за да се чувствувате посовремени. Експериментирајте со носење чевли кои не одговараат на вашата чанта и видете какви забавни комбинации можете да смислите. Забавувајте се со тоа!
Носите очила кои се застарени
Луѓето кои носат очила знаат од прва рака дека менувањето на вашите очилата создава моментална промена. Ова е двојно точно ако не носите контактни леќи и ги носите очилата деноноќно. Ако се чувствувате како да изгледате постаро од вашата возраст, тогаш погледнете ги вашите очила подобро.
Кога последен пат сте ги ажурирале? Пред пет години? Ако е така, вашите рамки можеби станале застарени и можеби е време за освежување.
Монохроматски стил
Нешто околу носењето целосно црно или целосно бело прави да се чувствувате неверојатно шик, но изгледот почнува да ве старее кога тоа е вашиот единствен изглед.
Но, повторно, ако вашата личност и вродено чувство за стил се покажуваат на овој начин, продолжете да го носите! Но, ако во последно време се чувствувате набиени и имате унифорирани монохроматски комбинации, можеби тоа е проблемот.
Не покривајте се премногу
Нема апсолутно ништо лошо во прикривањето ако тоа е стилот што го сакате. Погледнете ја само Дајан Китон. Таа носи слоеви врз слоеви, но тоа е естетиката во која ужива и се забавува со тоа. Но, прикривањето почнува да изгледа непријатно ако го правите тоа, бидејќи тоа е она што мислите дека е „соодветно за возраста“.
Ако си ги негирате фустаните до колена и горните делови без ракави во корист на матронските парчиња затоа што тоа е она што луѓето „очекуваат“ да го носите, тогаш вашата гардероба почнува да ве старее. Но, Китон носи слоеви и конзервативна облека во интересни кроеви, разиграни силуети и експериментални моди, правејќи нејзината гардероба живописна и забавна.
превод: М. Миткоска