ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Борел: Реториката на поделби во 2021 година го попречи патот на Западен Балкан кон ЕУ

December 28, 2021 08:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, изјави дека порастот на потезите и реториката на поделби низ Западен Балкан во 2021 година ги попречи напорите за приближување на регионот до европската иднина.

Во новогодишниот блог, во кој се осврна на најважните настани од минатата година, во врска со надворешната политика на ЕУ, Борел изјави дека тоа особено важи за Босна и Херцеговина.

– Порастот на реториката и акциите за поделби низ Западен Балкан, особено во Босна и Херцеговина, ги попречија напорите за приближување на шесте земји до нивната европска иднина, наведе Борел.

Борел, исто така, напиша дека како што се шири хибридниот конфликт, ЕУ мора да продолжи да ги поддржува Украина или Молдавија „во отпорот на рускиот притисок“ и да го задржи „непопустливиот пристап“ кон Белорусија.

Тој ја дефинираше 2021 година како „година на транзиција“, наведувајќи дека геополитичките промени „се интензивираа со политиката на моќ која постојано ја доведуваше во прашање ЕУ и нејзините вредности“.

– Мораме да одговориме со сета решеност што можеме да ја собереме, рече високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Борел истакна дека пандемијата на коронавирусот траела подолго отколку што се очекуваше пред една година, наведувајќи дека сојот омикрон повторно бара воведување големи ограничувања и ми се заканува на закрепнувањето.

– Сепак, знаеме дека вакцините прават голема разлика. Повеќето Европејци примиле најмалку две дози. ЕУ извезува вакцини против коронавирус без прекин од декември 2020 година, рече тој.

Сепак, додаде Борел, нееднаквите стапки на вакцинација низ континентите ја нагласуваат потребата да се забрзаат донациите и да се развијат локални капацитети за производство на вакцини, особено во Африка.

Тој наведе дека пандемијата ги спречила земјите во развој да бидат во чекор со развиениот свет, додавајќи дека тоа довело до зголемување на гладот и сиромаштијата во светот.

– Светската банка го проценува бројот на луѓе кои паднале под прагот на сиромаштија поради корона вирусот на околу 150 милиони. Треба да сториме повеќе за да го смениме овој тренд и да се справиме со растечките нееднаквости, напиша Борел.

Тој изјави дека покрај соочувањето со пандемијата, на агендата на ЕУ на меѓународно ниво, доминирале и бројни кризи, во Белорусија, Украина, Мали, Судан, Авганистан, Етиопија и Венецуела.

– Да се биде во постојан режим на управување со кризи понекогаш го ослабува нашиот капацитет да се справиме со долгорочни прашања кои треба да бидат во срцето на нашата надворешна политика, како што е ревитализацијата на мултилатерализмот или балансираното управување со миграцијата или енергетската и климатската криза или правилата за дигитална транзиција, истакна Борел.

Покрај многуте неуспеси и предизвици, во 2021 имаше и позитивен развој, рече Борел, наведувајќи ја водечката улога на дипломатијата на ЕУ во борбата против климатските промени на Конференцијата на ОН за климатски промени (КОП26) во Глазгов.

Во годината што изминува имаше и обновување на односите меѓу ЕУ и САД под претседателот Џозеф Бајден, оцени Борел.

– Новата насока на американската администрација ни овозможи да постигнеме напредок, на пример во однос на климатските промени, преговорите за иранската нуклеарна програма и оданочувањето на компаниите, рече тој.

Тој изјави дека ЕУ и САД одржале „блиски консултации“ за Кина и за индо-пацифичкиот регион на крајот на годината и се договориле да започнат дијалог за безбедност и одбрана.

Во врска со Кина, се задржа единството на ЕУ, која призна дека ја гледа таа земја како партнер, конкурент и системски ривал во исто време, додаде Борел./MИА/.

Next Post
Сашо Орданоски

Не чиј е, туку кој е Ковачевски?

Најново

Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

Димитријевиќ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите по падот на Орбан

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk