ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јовески: За потребите на Обвинителството ќе се издвојува 0,4 отсто од Буџетот на државата

January 3, 2022 08:20
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

За оваа година буџетот на Обвинителството е зголемен за околу 14 отсто. Исто така ја гледам гаранцијата во Законот за Јавно обвинителство, каде што првпат се востанови дека за потребите на Обвинителството ќе се издвојува 0,4 отсто од Буџетот на Република Северна Македонија. Свесни сме дека тоа не може веднаш да се оствари со оглед на овие кризи кои се сега во земјата, но очекувам дека за неколку години ќе се постигне тој процент, вели во интервју за МИА, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Тој истакна дека минатата година биле вработени 60 јавно-обвинителски службеници од кои најголем дел стручни соработници, а сега, како што вели, за оваа година Обвинителство има објавено оглас за 72 стручно административни работници.

– Состојбите на овој план се подобруваат не само заради заложбата на Обвинителството, туку и заради разбирањето и на извршната и на законодавната власт во земјата, за потребите на Обвинителството и за алиминтирање на неговите потреби за да може да биде поефикасно во извршување на својата функција, истакнува Јовески во интервјуто за МИА. 

На прашањето како ја оценува состојбата од аспект што Поглавјата 23 и 24 кои се однесуваат на водењето на правото и фундаменталните права се практично првите кои ги оценува ЕУ во однос на нашата земја, Јовески вели дека неспорно на целиот правосуден систем на државата му се неопходни реформи. 

– Но кога зборувам од аспект на Обвинителството морам да кажам дека во последниот извештај на ЕУ се бележи напредок во делот на борбата на организираниот, на тешкиот криминал. Исто така, се нотирааат и определени задачи и за Обвинителството и за државата во делот на спроведување на  Стратегијата за правосудни реформи, а Обвинителството има донесено, така да речам, темелни акти во делот на стратегијата за човечки ресурси по која постапува, исто така Законот за Јавно обвинителство по кој се донесени подзаконските акти, а уште се работи и на систематизација на Обвинителството, истакна Јовески.

Според него, не е занемарлив ниту податокот дека Обвинителството треба повеќе внимание да посвети на информатичката технологија и управувањето со предметите.

– Ние постојано преземаме дејствија во рамките на нашите надлежности за подобрување на состојбите во Обвинителството. Во тој контекс сакам да нагласам дека ние дел од застарената информатичка опрема со наши средства и со средства од ИПА фондовите имаме обновено. Но, пред нас претстои и сериозен предизвик од надоградба или измена, целосна измена на системот за управување со јавно-обвинителските предмети, потоа за неопходноста од едукација на вработените и јавните обвинители во делот на користењето на оваа технологија, рече државниот јавен обвинител.

Тој укажа дека имаат недостиг од електро-инженери  и техничари, кои се неопходни за успешно извршување на тој дел од работите на Обвинителството.

-Само да илустрирам дека во ова Обвинителство се вработени двајца електро-инженери, а додека од четирите апелациски подрачја вработени се тројца електро-инженери коишто се надлежни за цело подрачје на Јавното обвинителство. Во неколку наврати сме објавувале конкурси за прием на информатичари, но очигледно дека нема интерес кај луѓето со оваа професија за извршување на работите во Јавното обвинителство. Ќе мора околу тој дел и државата и Јавното обвинителство во натамошниот период да посвети сериозно внимание за да може навистина да имаме подобри резултати и да се вклучиме во европските процеси, рече Јовески. /MИА/. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Свлечиште и голем одрон на патот Свети Николе-Миладиновци, сообраќајот пренасочен

НАЈНОВО

Фото: Скриншот од видео сторија на ИРЛ

Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

September 28, 2025

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците на Македонија со одлука за взаемна поддршка на своите кандидати за градоначалници и самостоен настап во одредени општини

September 28, 2025

Филипче: Негласањето е награда за ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да ја контролира цела држава

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk