ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Во земјава сојот омикрон откриен кај девет пациенти, активни 5.667 случаи на КОВИД-19

January 5, 2022 07:58
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Share on FacebookShare on Twitter

Омикрон варијантата на КОВИД-19 забрзано се шири во светот, во регионот и во соседството. И во нашава земјава вчера беа детектирани девет случаи со омикрон, од кои кај осум пациенти од Скопје и кај еден од Кочани. Според надлежните, вакцинацијата останува единствен излез од пандемијата. Во моментов во државата има вкупно 5.667 активни случаи.

– Во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се изработени 24 примероци позитивни на SARSCoV2, примероците се од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и Богданци. Од вкупниот број тестирани, кај девет пациенти детектирана е Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 37,5 отсто од позитивните примероци, соопштија вчера од Министерството за здравство.

Во текот на вчерашниот ден во земјава се регистрирани нови 1.197 случаи на КОВИД-19 од направени 7.483 тестирања, починаа 12 лица, а евидентирани се 331 оздравен пациент.

Од почетокот на пандемијата, како што информираат од Министерството за здравство, евидентирани се вкупно 227.168 ковид-дијагностицирани лица, направени се вкупно 1.619.276 тестирања на КОВИД-19, бројот на оздравени пациенти е 213.505, а починати се 7.996 лица.

Експертот на Светска здравствена организација (СЗО), Абди Махмуд вчера изјави дека постојат три видови соеви, тие што ги следaт, тие кои предизвикуваат интерес и тие кои предизвикуваат загриженост. Тој на брифинг во Женева истакна дека од ноември внимателно го набљудува новиот сој на коронавирусот  Б.1.640.2. како неговите две подваријанти. Новиот сој Б.1.640.2 го открија научниците во Универзитетската болница во Марсеј, Франција. Со тој сој заразени се 12 луѓе во јужниот дел на Франција, а како нулти пациент е означен повратник од Камерун. Махамуд истакна дека СЗО ќе продолжи да го следи сојот Б.1.640.2, вклучително и негово можно ширење во другите европски земји.

Држави од регионот и светот пријавуваат рекорден број заболени со КОВИД-19. Повеќето од земјите почнаа со воведување позаострени мерки за заштита од проширување на коронавирусот во пресрет на
празниците.Првиот случај на заразен со флурон, комбинирана инфекција со вирусот на грип и коронавирусот, е откриен во Босна и Херцеговина. Првиот случај е пациент, роден во 2000 година, и хоспитализиран во Универзитетскиот клинички центар во Бања Лука. Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 899 нови случаи на коронавирус, а починале 29 лица.

Во Грција пак, како што јави дописничката на МИА од Атина, со задолжителни маски, задолжителни селф тестови за сите и под построги протоколи, учениците од понеделник се враќаат во училишните клупи, а второто полугодие ќе започне регуларно.

Министерката за образование на Грција Ники Керамеос, вчера ги соопшти одлуките на Владата, по добиените препораки на надлежната комисија на епидемиолози. Поконкретно, и понатаму ќе бидат задолжителни два селф теста седмично, односно тестови за домашна употреба кои учениците ги добиваат бесплатно, но сега, освен за невакцинираните, ќе важат и за вакцинираните ученици и наставници или професори. Дополнително, за време на првата седмица од отворањето на училиштата, учениците ќе добијат еден тест плус.

Промени има во протоколите во однос на потврден случај и нема да се тестираат само децата кои седат во близина на заразениот ученик, туку ќе се тестира целото одделение/клас. Невакцинираните ученици ќе се тестираат секој ден, пет дена, со бесплатни два рапид и еден селф тест, како и двата селф тестови што и онака им следуваат, додека пак вакцинираните ученици ќе се тестираат со три селф тестови. Истите правила ќе важат и за евентуален потврден случај на КОВИД-19 кај просветните работници.

Владата на Велика Британија вчера соопшти за рекорден број новозаразени со КОВИД-19 – повеќе од 200.000 случаи во последните 24 часа, бидејќи високо преносливиот вид Омикрон се шири низ земјата.

Според властите, регистрирани се 218.724 новоинфицирани – највисокиот дневен вкупен број од почетокот на пандемијата.

Во САД пак се регистрирани над еден милион заразени луѓе со КОВИД-19, што е рекордна бројка од почетокот на пандемијата. Претходниот „црн рекорд“ беше на 31 декември, кога беа пријавени околу 590.000 новозаразени луѓе. Податоците на Универзитетот Џон Хопкинс најверојатно не ја покажуваат реалната ситуација, бидејќи голем број Американци дома се тестираат за КОВИД-19 и не ги пријавуваат резултатите до водечките статистички агенции. Од почетокот на пандемијата во САД се регистрирани над 56 милиони инфицирани луѓе со КОВИД-19 и над 820.000 смртни случаи.

Исто така, и во Австралија се бележи зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусот, со што се зголемува и притисокот врз тамошните болници и центри за тестирање.

Во најнаселената сојузна држава на континентот, Нов Јужен Велс, регистрирани се 23.131 нови случаи. Најголемата бројка е регистрирана на последниот ден од старата година, кога 22.577 лица биле позитивни на тестот. Моментално во болница се сместени 1.344 лица.

Официјалните лица ги повикаа луѓето да не одат во болници освен ако не е неопходно, за да се намали притисокот врз здравствениот систем. Некои центри за тестирање денеска мораа да бидат затворени поради недостиг на персонал и голем број тестови кои пристигнуваат за обработка во лаборатории.

Претседателот на британското JCVI (национално тело за вакцинација и имунизација) проф. Ендрју Поланд во интервју за Телеграф предупреди дека не може да ја вакцинираме целата планета на секои шест месеци, бидејќи тоа не е одржливо.

Според Поланд за четвртата доза од вакцината треба да се почека „додека не се појават повеќе докази“ и повика приоритет во идната вакцинација да им се даде на ранливите групи, наместо да се даваат дополнителни дози на целата популација над 12-годишна возраст.

-Нема смисла да се обидуваме целосно да ја запреме инфекцијата, во одреден момент општеството едноставно мора да се отвори, рече британскиот експерт.

Неговата изјава е во момент кога Владата ги финализира плановите за брзо тестирање за дури 10 милиони работници во „критичните професии“. Порачани се  45 милиони тестови во следните две недели, поради страв од ширење на омикрон сојот на коронавирусот. /МИА/.

Next Post

Петков се подготвува за посета на Скопје, Париз со порака Северна Македонија и Албанија да продолжат заедно по европскиот пат

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk