ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Иво Инџов: Бугарија би можела да ја омекне својата позиција кон Северна Македонија

January 5, 2022 13:16
in Uncategorized, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарија во одредени околности може да ја омекне својата позиција кон Северна Македонија и во текот на годината најверојатно ќе се согласи на старт на преговорите на земјата со ЕУ, вели професорот на Универзитетот во Велико Трново, Иво Инџов во традиционалната политичка анкета што софискиот весник „Дневник“ ја направи на стартот на новата 2022 година.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, тој не верувам дека бугарската Влада ќе се распадне поради некој надворешно-политички предизвик, како што се односите НАТО-Русија или преговорите за членство на Република Северна Македонија со ЕУ.

Според Инџов, во врска со темата со Северна Македонија може да се шпекулира за продлабочување на поделбите меѓу Промената продолжува (ПП) и Демократска Бугарија (ДБ), кои имаат попрагматичен пристап, од една страна, и Има таков народ (ИТН), но и Бугарската социјалистичка партија (БСП), од друга страна, кои застапуваат идеи на романтичниот национализам.

Инџов, кој е политиколог и експерт за политичка комуникација, смета дека е можно Бугарија во одредени околности да ја омекне својата позиција кон Македонија, потенцирајќи дека на ниво на политичка реторика, бугарската позиција веќе еволуирала.

– За Брисел и за Вашингтон е несфатливото главното бугарско барање, општо кажано – Македонија да ја признае историската вистина на нашата заедничка историја, нашиот заеднички јазик до 1944 година – и тоа не може да се земе како сериозен аргумент за членство во ЕУ, смета Инџов.

Според него, овој „суштински елемент на бугарската позиција не отпаднал од преговарачкиот пакет“, туку Софија сега се фокусира на прашања кои имаат „мерливо“ решение.

– Такви се почитувањето на правата на граѓаните со бугарско национално чувство во Република Северна Македонија, нивно вклучување во Уставот на државата, рехабилитација на жртвите на комунизмот со бугарско чувство. Политиката на Северна Македонија во овие области има сериозни дефицити, а прашањето за човековите права е универзално и ЕУ не може да го игнорира, додава универзитетскиот професор.

Според него, на Бугарија ќе и биде потешко да ја натера Македонија да го исклучи „говорот на омраза“ од учебниците, медиумите и спомениците.

– Бугарија била „ослободител“ за значителен дел од локалното население за време на Втората светска војна и формално не е „фашистички окупатор“. Но, според меѓународното право, таа, сепак, е само окупатор, вели Инџов, додавајќи дека во тоа време Бугарија била „авторитарна држава со фашистички тенденции во општеството и сојузник на нацистичка Германија и фашистичка Италија“.

Во врска со плановите на бугарскиот премиер Кирил Петков за издигнувањето на економијата како приоритет во односите меѓу Софија и Скопје, Инџов вели дека таквиот пристап може да придонесе за подобрување на билатералната клима.

– И покрај сериозните внатрешно-политички ризици од таквиот политички потег, во услови на зголемен меѓународен притисок и некои македонски компромиси, во 2022 година Бугарија најверојатно ќе ја пушти Македонија – нејзината на историски план најблиска земја на Балканот, да преговара за членство во ЕУ, предвидува професорот Инџов./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: МИА

До МВР досега нема пријава за казиното во Дојран, но ќе изврши проверки

НАЈНОВО

Фото: КИНЕНОВА

Отворено јубилејното 10. издание на фестивалот „Киненова“

September 29, 2025

Промоција на „Драмолетање“ – книга драми во издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

September 29, 2025
Фото: Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Проевропската партија на Маја Санду пред победа на парламентарните избори во Молдавија

September 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Микросам

    Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk