Градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, нема ниту мерка, ниту еден проект за почист воздух во Скопје. Дополнително Арсовска ги намали парите за ново зеленило, за паркови и дрвореди. За 33 проценти помалку зелени садници предвидува Арсовска во Буџетот за 2022 година, велат од СДСМ во соопштение.
– Нема пари ниту за нови паркови, иако ги ветуваше, нема да има нови паркови во Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода и Чаир. Во услови кога скопјани дишат нечист воздух неодговорно е да се намалуваат парите за животна средина, да се намалуваат парите за зеленило, за паркови, за нови садници. Арсовска покажува голема неспособност. Тоа не е менаџирење туку незнаење. Затоа треба да ги продолжи сите мерки и проекти кои што во изминатите 4 години дадоа резултати. Вака Арсовска не може да обезбеди чист воздух и здрава животна средина, се вели во соопштението.