ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Потврден прв случај на Африканска свинска свинска чума во земјава

January 8, 2022 17:52
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Врз основа на добиени лабораториски наоди од Институтот за ветеринарна медицина од 06.01.2022 година, Агенцијата  за храна и ветеринарство (АХВ) го потврди првиот случај на присуство на болеста Африканска свинска чума во две огледувалишта во делчевското село Драмче каде се угинати 14 свињи. Како што информираат од АХВ, директорот Николче Бабовски донесе решение со кое нареди преземање на контролни и заштитни мерки за контрола и сузбивање на болеста, а за појавата на болеста официјално ги извести и Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ и Европската комисија.

-На целата територија на Република Северна Македонија се забранува промет и движење на свињи, одржување на изложби или друг вид на спортски или културни настани за сите приемчиви животни на оваа болест, а до крајот на месецов ќе се спроведе и  вонреден попис на свињите и клинички преглед во оглесдувалиштат, се вели во соопштението од Агенцијата за храна и Ветеринарство.

Во сите ловишта во Источниот регион во кој спаѓаат општините Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново Облешево и Штип каде целосно е забранет ловот (за сите видови на дивеч), ловните друштва и концесионерите на ловиштата имаат обврска согласо донесеното решение да вршат пребарување на ловиштето за пронаоѓање на угинати диви свињи, земање на мостри од истите и нештено отстранување на угинатите диви свињи, а пронајдените угинати диви свињи треба да се пријават кај официјалените ветеринари.

Како што се додава во соопштението Стручни тимови составени од претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за внатрешни работи, претставници од локалната самоуправа од Општина Делчево и од ветеринарните друштва од вчера се на терен и ги спроведуваат наредените мерки со донесеното решение.

-Во одгледувалиштата каде е потврдено присуството на болеста, извршена е еутанизација (хумано убивање) на 6 свињи, земени се мостри  за лаборатиориско испитување, а лешевите на угинатите и еутанизираните животни, под официјален надзор, се нештетно отстранети и закопани.  Со цел уништување на вирусот, во овие одгледувалишта извршена е и темелна дезинфекција на просторот и опремата, преземени се и мерки за нештетно отстранување на свежо месо, подготовки од месо и производи од месо кои се затекнати во фрижидерите во домаќинствата во чии одгледувалишта е потврдено присуството на болеста, додаваат од АХВ.

Во заштитната зона со радиус од 3 километри околу потврдените жариштa, вкучувајќи ги населените места Драмче, Очипала, Киселица и Ветрен во Општина Делчево, се спроведува попис и спроведување на клинички преглед на сите одгледувалишта, а воведена е и забрана за движење и превоз на свињите во и од сите одгледувалишта од оваа зона.

За утврдување на можниот извор на заразата во одгледувалитата од заштитната зона како што напоменуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство ќе се изврши и епидемиолошко испитување како и одземање, убивање и нештетно отстранување (депопулација) на сите свињи од кои ќе се земаат мостри за лабораториско испитување.

-За одгледувачите на сила е и мерката за задолжително пријавување на секој сомнеж на болеста и на угинување на животни.  Во зоната под надзор (во радиус од 10 километри околу жариштата каде болеста е потврдена), а која ги опфаќа општините Делчево и Македонска Каменица со населените места Ѕвегор, Габрово, Полето, Костин Дол, Селник, Косевица, Македонска Каменица, Луковица, Тодоровци, Бигла, Косово Дабје, Делчево, Турија и Иливо, се забранува движење и превоз на свињите во и од сите одгледувалишта од заштитната зона, освен ако свињите се упатуваат на колење во најблиската соодветна кланица, дополнија од АХВ.

Во оваа зона, наредени се мерки за следење на состојбата и за спроведување на засилени биосигурносни мерки на фармите, а засилени ќе бидат и контролите.

извор: МИА

Next Post

Флоренс Робин: Франција е подготвена да понуди посредување меѓу Софија и Скопје

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk