ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

МТСП: Првпат во историјата на државата се носи Закон за спречување на насилство врз жените

Предлог законот содржи превентивни мерки, како и мерки за заштита на жртвите од повеќе видови и форми на родово базирано насилство. Со него се уредува постапувањето на институциите со должно внимание при заштитата на жените од сите форми на родово-базирано насилство и жртвите на семејно насилство, но и координацијата на институциите и организациите

January 3, 2020 14:32
in ФЕМИНА, ДЕНЕС
Фото: илустрација

Фото: илустрација

Share on FacebookShare on Twitter

Почитување на основните човекови слободи и права загарантирани со Уставот и ратификувани со меѓународни договори има за цел Предлог законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство што на последната седница на предлог на Министерството за труд и социјална политика го усвои Владата, пренесе МИА.

– Законот треба да обезбеди спроведување на принципот на еднаквост, елиминирање на стереотипите за родовите улоги, превенција на сите форми на родово-базирано насилство врз жените, семејното насилство и утврдување на мерките и активностите за заштита на жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Предлог законот содржи превентивни мерки, како и мерки за заштита на жртвите од повеќе видови и форми на родово базирано насилство. Со него се уредува постапувањето на институциите со должно внимание при заштитата на жените од сите форми на родово-базирано насилство и жртвите на семејно насилство, но и координацијата на институциите и организациите.

Министерството за труд и социјална политика во изминатите две години презеде конкретни чекори во воспоставување на сеопфатен и ефикасен систем за превенција и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

Земјава на 30 декември 2017 година ја ратификуваше Европската конвенција за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство (Истанбулска конвенција), која стапи на сила на 1 јули 2018 година. За таа цел усвоен е Акциски план за имплементација на ова Конвенција и објавен е на страната на МТСП, во кој се предвидени конкретни активности и временска рамка за реализирање. Посебен фокус во имплементацијата на Акцискиот план е воспоставувањето на специјализираните сервиси за жртви на семејно насилство.

До крајот на 2019 година отворени се вкупно 12 специјализирани сервиси за жени жртви на насилство во седум плански региони во земјава.

На веб страницата на МТСП се контактите од центрите каде може да се пријави семејно насилство. с

Next Post

Вечерва последниот ТВ дуел Милановиќ – Грабар Китаровиќ, од утре изборен молк

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk