НАСА наскоро ќе открие докази за живот на Марс, но човештвото сѐ уште не е подготвено да го прифати тоа, смета д-р Џим Грин, научник од Aмериканската вселенска агенција.
Во март 2021 е предвидено на Црвената Планета да бидат испратени два ровера – еден на НАСА и еден на Европската вселенска агенција ЕСА. Една од главните задачи на тие две мисии е потрага по живи организми на површината на планетата.
– Тоа ќе предизвика целосно нов начин на размислување. Мислам дека не сме подготвени да ги прифатиме резултатите од сѐ тоа. И, тоа ме загрижува, зашто сметам дека сме многу блиску до објавувањето дека на Марс има живот, изјави д-р Грин.
А, тоа пак, според него, ќе отвори многу други прашања… Дали тој живот во нешто наликува на нашиот? Дали сме поврзани со тие организми? Има ли услови за човечки колонии вон Земјата?
– Нема зошто да се сомневаме дека нема други цивилизации низ Вселената, зашто постојано откриваме егзопланети погодни за појава на живот. Насекаде!, додава научникот.
Извор: МИА