ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска: Нема силна одбрана без модерна армија и згрижени припадници на армијата, проектите за модернизација ќе продолжат

January 17, 2022 12:26
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешното примопредавање од досегашната министерка Радмила Шекеринска, свое обраќање имаше и новата министерка за одбрана Славјанка Петровска.

– Денес ја преземам функцијата министер за одбрана во многу поинакви околности од оние што беа во 2017-та година. Денес нашата татковина е земја членка на НАТО, и тоа не се случи само по себе. Требаше многу труд, посветеност и политичка пожртвуваност за сето ова да стане реалност, истакна новата министерка за одбрана Славјанка Петровска на денешното примопредавање на мандатот.

Петровска искажа благодарност кон Шекеринска и на сите оние, како што нагласи, кои одлучиле и по цена да бидат критикувани и осудувани да донесат визионерски одлуки чии придобивки се во интерес на граѓаните.

Таа истакна дека членството во НАТО, е признание за работата на досегашната министерка Шекеринска и еден од најважните делови во поновата македонска историја.

„Драга Шекеринска, во мое име и во име на граѓаните на Република Северна Македонија, ви благодарам за вашиот влог и придонес кон остварување на нашата стратешка определба. Благодарам и на сите оние кои одлучија и по цена на тоа да бидат критикувани и осудувани да донесат визионерски одлуки чии придобивки се во интерес на граѓаните. Членството во НАТО е признание за вашата работа и еден од најважните делови во поновата македонска историја.

Ова членство не е само признание на политичките процеси кои се случуваа, туку и на подготвеноста на нашата Армија да ги прифати НАТО стандардите и принципите на дејствување и постапување на Алијансата“, рече Петровска.

„Свесна за досегашниот влог, целосно почитувајќи ги резултатите од реформите и напредокот, пред мене стои сериозен предизвик. Да го сочувам она што досега е постигнато и истовремено да бидам политички двигател во процесите кои ни престојат. Тоа е моја обврска кон граѓаните и припадниците на АРМ, врз кои се заснова нашето членство во НАТО.

Да се биде земја членка на НАТО, значи да мора да се покаже капацитет да се носиме со сите предизвици со кои се соочува Алијансата. Затоа, процесите кои се започнати, ќе продолжат со поинтензивна динамика. Еден од најважните приоритети во текот на мојот мандат ќе биде одржувањето на стабилно финансирање на одбраната и достигнување на 2% од БДП до 2024-та година.

Нема силна одбрана без модерна армија, и токму затоа ќе продолжат проектите за модернизација на Армијата. Нема силна одбрана без задоволни и згрижени припадници на Армијата, и за таа цел ќе продолжам да водам грижа за подобрување на условите за работа и животниот стандард на воениот и цивилниот дел на Армијата. Ќе продолжи и подобрувањето на инфраструктурата на воените објекти. Ќе продолжи и финансирањето на Криволак кој е домашен, и НАТО ресурс.

Ќе настојувам Армијата и понатаму да им помага на граѓаните кога тоа е најпотребно. Мој приоритет ќе биде донесување на законот за службеници во одбраната со кој ќе се обезбеди фер и достоинствен пристап на администрацијата во одбраната, нивниот статус, права и обврски. Ќе го зачуваме високото ниво на транспарентноста исто така. Ќе се негува и мултиетничкиот карактер на нашата земја. Ќе ја унапредуваме положбата на жените во Армијата.

Светските текови алармираат и дека мора да ја засилиме борбата против разните видови на хибридни и кибернетски закани. За таа цел ќе вложуваме во опрема и во експерти за сајбер-одбрана, а развивајќи го центарот за справување со лажни вести и информации и односи со јавност ќе се справуваме поуспешно и со овој тип на закани“, истакна новата министерка за одбрана Славјанка Петровска.

Марија Миткоска 

Видео: Мартина Ацковска 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот од видео на Daily mail

Тринаесет повредени откако автомобил се заби во публиката пред фудбалски натпревар во Барселона

May 16, 2025

Сиљановска Давкова – Кошта: Не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтегрaција

May 16, 2025

Ле Пен: Споделувам иста цел со Израел – за искоренување на Хамас, имаме заеднички непријател

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Зеленски по пристигнувањето во Турција: Руската делегација е застапена од заменски реквизити

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) „Џејмс Веб“ забележа мистериозно светлосно шоу на Јупитер кое ги збунува научниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk