„И покрај многубројните апели, кражбите продолжуваат. Овој пат е извршена кражба на 13 решетки на сливници на ул. Среќко Пужалка и 4 на ул. Финска. Случајот е документиран и пријавен во полициска станица. Дел од решетките на сливниците се заменети, а дел ќе се заменат во најбрз можен рок.“, известуваат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Претходно, минатата недела, од истите улици беа украдени 15 решетки на сливници.
ЈП Водовод и канализација – Скопје, упатува апел до граѓаните на град Скопје за одговорно однесување кон атмосферската канализација, имајќи ги предвид кражбите на решетки на сливници во изминатиот период. Ваквиот вандализам негативно се одразува на претпријатието и истовремено ја загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот.





