Пациентите треба да знаат дека, доколку имаат потреба од здравствени услуги во Поликлиниката „Идадија“ во центарот на Скопје, треба да се облечат во топли алишта, бидејќи во зградата е студено. Вработените седат со зимски јакни во своите службени простории. Наспроти тоа, тие се крајно љубезни и професионални.
Во „Идадија“ нема дежурства, освен денеска (сабота, 4 јануари) до 19 часот, како што пишува на споредниот влез од десната страна на зградата. Главниот влез е заклучен.