– Носењето закони коишто ќе го стават работникот на прво место, а во исто време ќе обезбедат компаниите да работат со максимална продуктивност е приоритет за оваа Влада, објави премиерот Димитар Ковачевски.
– Со уште поголем интензитет Владата ќе продолжи да го води овој дијалог којшто треба да резултира со закони што ќе го одржуваат работниот процес и ќе ги задоволат интересите на работниците, нагласува Ковачевски.