Професорот Љубомир Фрчкоски во изјава за порталот Мактел кратко искоментира дека не влегува во дебата со паднати луѓе.
-Ако паметите јас никогаш не сум влегол во дебата со типови како Мирка, Миленко, Латас, Буреци и слични типови, па така и сега со Геро нема да влезам во дебата затоа што он е веќе во таа група, не дебатирам со паднати луѓе, а Геро е сега тоа, паднат човек. Не вреди да се одговара на такви бљувотини и теории на заговор кои имаат за цел да те оцрнат и исплукаат за да те политички и медиски елиминираат, тоа за мене трае 30 години и не им успеало и сега нема да им успее – изјави Фрчкоски за Мактел.