ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Повисока плата за околу 45 евра за поголем домашен буџет

February 9, 2022 12:36
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, денеска ја посетија текстилната компанија „Текстил Солушн“ во Скопје, информираат владините служби.

„Оваа денешна посета беше одлична можност да поразговараме и со работниците, но и со работодавачите за постигнатиот договор за зголемување на минималната плата која од март ќе изнесува 18.000 денари. За голем дел од вработените во „Текстил Солушн“, повисоката нето плата за околу 45 евра ќе значи зголемување на домашниот буџет, а со тоа и зголемување на животниот стандард. Од друга страна пак, за менаџментот на компанијата е од огромна важност фактот, што државата ќе го субвенционира делот врзан за придонеси, со што се олеснува процесот, за сите засегнати страни”, изјави премиерот Ковачевски по обиколката на производствениот капацитет на компанијата, која е континуитет на ,,Златекс”,  извозно ориентирана фирма која на пазарот постои повеќе од 30 години.

Ковачевски посочи дека е дефинирано висината на минималната плата да не може да биде пониска од 57 % од просечната плата, оценувајќи дека заедничкото решение за повисока минимална плата и за методологијата со која таа континуирано ќе расте, е резултат на отворен дијалог и меѓусебно разбирање. Тој изрази задоволство од постигнувањето на овој договор, со кој 80.000 работници во земјата ќе имаат право на минимална плата од 18.000 денари, која е повеќе од двојно зголемена, ако се спореди со 2014 година кога изнесуваше 8.800 денари.

Тој констатираше дека Владата продолжува со уште посилен интензитет да ја помага економијата и да создава услови за раст на платите, што значи унапредување на животниот стандард, што е потврдено и со бројките за раст на просечната нето плата, зголемената социјална помош, детскиот додаток, образовниот додаток, стипендиите, како и редовното законско усогласување на пензиите.

„Веќе имавме едно зголемување на пензиите во јануари оваа година од 2,9%, со усогласувањето. Започнавме анализи за дополнително покачување и наскоро може да очекуваме големо зголемување на пензиите“, рече Ковачевски кој разговараше со раководството на компанијата и вработените, додавајќи дека Владата останува фокусирана на финансиската поддршка и е стабилен партнер за подобрување на деловниот амбиент и остварување на визиите на стопанствениците.

Генералната менаџерка на компанијата, Маријана Ацески – Томоска, во своето обраќање изрази уверување дека ќе биде реализирано зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари, оценувајќи ги позитивно отворениот дијалог и напорите на Владата за подобрување на деловниот амбиент, притоа поздравувајќи ја и финансиската поддршка на Владата, која се обезбедува преку Фондот за иновации и технолошки развој, а која отвора можности за освојување на нови пазари и економски раст.

Компанијата „Текстил Солушн“, која се занимава со производство на специјален тип на заштитна облека, наменет исклучиво за извоз на европскиот пазара, има вкупно 80 вработени, а дел од нив земаат минимална плата. Покрај покачувањето за нив, мерката ќе влијае позитивно и на останатите плати, особено на продуктивноста, беше посочено од еден од вработените во компанијата, Полико Авдиу.

Авдиу, кој работи како шивач 8 години во оваа компанија, нагласи дека бидејќи работел и во Германија претходно, од каде се вратил за да живее и работи дома, може да направи споредба и оцени дека условите за работа постојано се подобруваат, како во однос на унапредување на технологијата на машините, така и во насока на зголемување на платата, со што се подобрува куповната моќ и стандардот за живеење.

Присутните на денешниот настан, оценија дека владините мерки се во насока на обезбедување достоинствен живот на работниците и ќе влијаат позитивно и на останатите плати во другите индустрии, со што целокупно се подобрува квалитетот на живеењето во земјата. Целта е да се обезбеди просперитет на сите категории граѓани, развој на стопанството и да се обезбеди подобар стандард и желба да се работи во земјата.

Next Post

Над 400 милиони лица заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата

Најново

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис за 7 мај 2026: Време е за конечна реализација

May 7, 2026
Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk