ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Украинската амбасадорка Задорожњук: Или ќе живееме во релативно стабилен свет или постојниот систем ќе биде целосно уништен

February 9, 2022 15:19
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Амбасадорката на Украина во РСМ, Наталија Задорожњук (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Амбасадорката на Украина во РСМ, Наталија Задорожњук (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

– Не би било претерување ако се каже дека денеска се решава судбината на меѓународниот правен поредок. Или ќе живееме во релативно стабилен свет со јасни правила на игра за секоја држава без исклучок во согласност со основните правила на меѓународното право или постојниот систем ќе биде целосно уништен, вели украинската амбасадорка Наталија Задорожњук на денешната панел дискусија на тема „Руско-украинската криза и Северна Македонија“, во организација на ЦИВИЛ.

Таа истакна дека прашањата не се однесуваат толку на руско украинските односи, туку се однесува на сите земји вклучувајќи ја и пријателската Северна Македонија. Или, како што нагласи, сите сме на страната на силата на правото или победува авторитарната Русија со своето право на сила.

„Што се однесува конкретно до руско-украинскиот конфликт, секогаш е тешко со соседите, но цивилизираните земји ги решаваат споровите меѓусебе на цивилизиран начин. Не можам да замислам некој сосед на Македонија во 21 ви век да дојде кај вас и да ви краде дел од територијата притоа убивајќи околу 15.000 луѓе. И тоа е само затоа што вашата земја сака сама да си ја избере сопствената иднина“, рече Задорожњук.

Украинската амбасадорка Наталија Задорожњук на панелот во организација на ЦИВИЛ: „Руско-украинската криза и Северна Македонија“. Фото: Д. Муратов/ЦивилМедиа

Во своето излагање, амбасадорката потенцира дека главните причини за оваа не само хибридна туку и вистинска војна се стремењето на Русија да ја обнови империјата, да го зачува нејзиниот авторитарен режим со помош на Украина, Белорусија, Молдавија и Грузија да се оддели од западниот свет.

„Русија сака да ги гледа нашите земји, а посебно Украина, како контролирана пречка за ширење на западните вредности во Русија, слободата и демократијата кои му се закануваат на авторитарниот режим на Путин. Силната просперитетна демократска Украина е сериозна закана за путиновиот режим. Ние иако со големи тешкотии и загуби на човечки животи излегуваме од тој тоталитарен систем за жал подоцна од балтичките земји Полска, Словачка, Чешка, Унгарија. На нашиот пат има сериозни потешкотии мораме паралелно да се развиваме, да спроведуваме реформи и да војуваме во исто време. Многу е тешко, но ние сме подготвени. За нас слободата не е празен звук, тоа го докажуваме во текот на целата наша историја. Бевме угнетувани од Руската Империја, уништувани со глад од сталинистичкиот систем. Знаете дека поради вештачкиот глад во Украина во 32 и 33 година на најплодните почви на светот загинаа околу 10 милиони невини луѓе“, нагласи Задорожњук.

Таа вели дека сите во Украина ќе се обединат и додава дека сега украинскиот народ е многу посилен отколку во 2014 година, дека Украина ја има една од најмоќните армии на светот и добива силна поддршка од земјите од западните демократии

„Еднаш им кажав на моите пријатели, амбасадори на Полска, Унгарија и Чешка дека треба да бидат среќни што Украина се наоѓа меѓу нив и Русија. Ако треба ние сите ќе се обединиме и оние кои се за претседателот Зеленски и оние кои се за претседателот Рошенко и оние кои зборуваат украински и оние кои зборуваат на руски сега сме многу посилни отколку што бевме во 2014 година. Имаме една од најмоќните армии во светот, имаме силна поддршка од земјите од западна цивилизација кои ја разбраа суштината на рускиот режим и руската политика. Денес Русите доаѓаат во Украина а утре во Полска, Романија, балтичките земји, земјите од балканскиот регион. Заедно со нашите сојузници формулиравме три насоки за одвраќање на Русија: дипломатско- политички, економско-санкциони и воено-технички. Политичката е солидарност на Украина, економската е зајакнување на политиката на санкции што ја прави Русија многу послаба, а третата е воена помош, обезбедување на одбранбено оружје“, рече Задорожњук.

Украинската амбасадорка Наталија Задорожњук на панелот во организација на ЦИВИЛ: „Руско-украинската криза и Северна Македонија“. Фото: Д. Муратов/ЦивилМедиа

Амбасадорката, истакна дека Украина очекува јасна и недвосмислена политичка поддршка од пријателската Северна Македонија.

„Очекуваме јасна и недвосмислена политичка поддршка од пријателската Северна Македонија, очекуваме приклучување кон санкциите на ЕУ. Не може да се седи на две столчиња. Има моменти во животот кога треба сам да се одлучиш пред се на која страна од барикадата си. Украинците имаат многу убедливо негативно искуство со неутралност. Ако одиме во ЕУ и НАТО, ако сме дел од европските вредности тогаш тоа го демонстираме не само со зборови туку и со нашите постапки и дела“, потенцира Задорожњук.

Задорожњук се осврна и на силната лажна руска пропаганда, сајбер нападите,што се користат против Украина и додаде дека Кремљ тоа го користи насекаде и Северна Македонија не е исклучок.

„И уште еден момент на кој би сакала да се задржам. Кремљ и неговите поддржувачи во други земји некои од нив, некои од нив платени некои од нив ослепени од руската пропаганда користат хибридно оружје. Информациски, сајбер напади, лажна руска пропаганда. Ова е главно насочено се разбира кон Украина. Кремљ го користи насекаде и Северна Македонија не е исклучок“, рече Задорожњук.

Го истакна протестот пред украинската амбасада во Скопје и кои се очекувањата од македонската држава во насока на поддршка на Украина.

„Неколку примери, пред амбасадата беше организиран протест иако многу луѓе не можеа да се соберат, дојдоа десетина луѓе со некои неразбирливи пароли се извикуваа некои имиња. На луѓето на лист им беше напишано што да кажат. А тие не можеа ни да го изговорат правилно. Јас после тоа со отворено писмо го поканив организаторот на оваа таканаречена акција да дојде во амбасадата и отворено да ги искаже неговите ставови. Сеуште чекам. Или на пример сега има толку многу експерти во македонскиот информативен простор, толку многу аналитичари за украинско-руските односи кои не ги проверуваат фактите само земаат од извори на руски јазик искажувајќи пораки на руска пропаганда. Се појави хистерија во информативниот простор. Ја навредија кутрата беспомошна Русија? Се е превртено наопаку. Нема да дозволиме македонците да ги штитат украинците. Никогаш до ниту една земја не сме се обратиле со молба да ни дадат војници. Повторувам имаме моќна своја армија, која пред сè се потпираме на себе. Од нашите партнери очекуваме политичка, економска и воено-техничка поддршка“, рече Задорожњук.

Украинската амбасадорка Наталија Задорожњук на панелот во организација на ЦИВИЛ: „Руско-украинската криза и Северна Македонија“. Фото: Д. Муратов/ЦивилМедиа

На крајот од излагањето украинската амбасадорка им се заблагодари на Цивил и Цивил Медиа за, како што рече, коректното и објективно прикажување на материјалите, сериозната анализа со конктретни факти и аргументи.

„Вие вршите исклучително важна работа во отпорот на дрската бучна пропаганда. Ова ги разликува професионалните медиуми од пристрасно платените медиуми“.

Или сите ние демократски цивилизирани земји ќе се обединиме врз основа на демократијата, државниот суверенитет, правото на секоја земја да си го избира својот пат на развој, ќе дадеме силен отпор на обидите светот да се подели на зони на влијание или ќе изгубиме во ова како јас би ја нарекла цивилизациска војна. Но сигурна сум дека заедно ќе победиме“, потенцира амбасадорката Наталија Задорожњук.

Своите сознанија и анализи на темата со јавноста на панелот организиран од ЦИВИЛ ги споделија: раководителката на проектот „Дезинформациите и информациската дисторзија во Северна Македонија“, Росана Алексоска од граѓанската асоцијација МОСТ, деканка на правниот факултет на универзитетот „Визион“ – Гостивар и прва жена докторантка на Воената академија, Весна Попоска, како и новинарите и аналитичари Александар Николиќ Писарев и Љубомир Костовски. Модератор на панел дискусијата беше Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ и главен уредник на ЦивилМедиа, инаку автор на повеќе анализи на оваа тема, како и на темите поврзани со различни аспекти хибридната војна.

М. Ацковска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Десет години по граѓанскиот собир на 17 мај: Борбата за слобода и демократија продолжува!

May 17, 2025

„Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на САД

May 17, 2025

Мицкоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство темел на инвестициска соработка од шест милијарди евра

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) „Евровизија“: Познати сите 26 финалисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Рама ја дочека на колена италијанската премиерка Џорџа Мелони

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од сопатник со Албанија, Македонија десетици чекори зад неа на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk