СВР Скопје – Единица за безбедност на патниот сообраќај до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ј.Б.(38) од Скопје осомничен за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста во сообраќајот“ по член 297 од Кривичниот законик.
– Пријавениот, на 07.02.2022 околу 19:15 часот, управувајќи патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки на бул.„Св.Климент Охридски“ во Скопје, не застанал на вклучено црвено светло на семафор и кога навлегол во крстосницата со бул „Илинден“ удрил во патничко возило „киа“, управувано од А.Т.(36) од Скопје, кое од ударот го променило правецот и удрило во патничко возило „фиат“, управувано од Д.П.(45) од Скопје, стои во денешното соопштение од МВР.
Во несреќата со повреди се здобиле Ј.Б. и сопатникот од патничкото возило „шкода“, Б.Љ.(35) од Скопје, кои со возило на Итна медицинска помош се пренесни во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извор: МИА