ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бочварски: Подготвеност за изградба на коридорите и покрај тековните кризи

February 9, 2022 14:47
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите влади од регионот остануваат посветени на изградба и обнова на железничките коридори, порача денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски пред првиот состанок на мрежата на компании за железничка инфраструктура од Западен Балкан, што во организација на Секретаријатот на транспортната заедница, се одржува денеска во Скопје.

На првата средба на директорите на железничките претпријатија за железничка инфраструктура од регионот се разговара  за поврзувањето и за идните планови во делот на железничката инфраструктура.

-Сметам дека ова е многу значајна година посебно и за Република Северна Македонија, но и за целиот регион заради тоа што даваме максимални напори и при крај сме со избор на компании коишто ќе започнат со градба на источниот крак на Коридор 8, инвестиција со вредност од некаде 200 милиони евра и е многу значајно за поврзувањето, за ефикасноста во делот на транспортот, за отворање нови можности помеѓу Македонија и Бугарија, но и за целиот регион, а секако и продолжувањето на сите останати прашања во делот на изградбата на третата делница од оваа железничка пруга и секако западниот крак од наша страна и сите прашања коишто се отворени за Албанија и Бугарија во делот на железниците, изјави Бочварски.

Ова, порача, е многу значајно заради ефикасноста во овој транспорт, заради зелената агенда која што ја имаме и ние како Влада, но и сите влади од регионот.  Мора да дадеме до знаење дека ова се големи проекти коишто бараат многу време за проектирање и градба. Но, драго ми е што сите влади од регионот остануваат посветени на изградба и реконструкција и рехабилитација на железничките коридори, нагласи Бочварски.

Според него, и покрај тековните кризи, здравствена и енергетска, има подготвеност и тимови кои ќе работат на изградбата на коридорите.

-Се наоѓаме во моментов во големи кризи и здравствена  и енергетска, но активно работиме сите постапки да земат замав.  Токму поради тоа и оваа конференција денеска го дава одговорот на ова прашање дека имаме подготвеност, тимови, луѓе коишто работат на изградбата на овие коридори коишто се согласувам дека досега требало да бидат изградени, Подготвени сме кон Бугарија да изградиме 36 тунели и преку 80 мостови за оваа пруга да стане функционална и тоа ќе го направиме без задршка заради тоа што е иднината на регионот – да се поврземе со сите наши соседи. Само како вкупна сума на чинење источниот и западниот крак се во вредност од преку 1,1 милијарда евра инвестиција во делот на Коридорот 8 и тоа сме подготвени да го направиме паралелно со рехабилитациите коишто следуваат на постоечките железнички пруги. Но, работа имаат и останатите земји и Бугарија и Албанија за да се поврзат со нашата земја да биде овој комплетен Коридор за поврзување Исток – Запад, рече Бочварски. 

Работите на првите две делници од пругата кон Бугарија се очекува да започнат напролет, а да бидат завршени во рок од 36 месеци, додека рокот за третата делница е 48 месеци. – Очекуваме да почне да се гради 2023 година и секако целиот комплекс на Исток и Запад поврзување на железничката пруга и во Албанија и во Бугарија и во РСМ треба да заврши до 2030 година согласно Меморандумот којшто го потпишавме во Софија министрите за транспорт кон крајот на минатата година, наведе Бочварски./MИА/. 

Next Post

ССМ очекува пратениците едногласно да поддржат минимална плата од 18.000 денари

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk