Мир, спокој и среќа на сите православни христијани им посака техничкиот премиер, Оливер Спасовски.
Премиерот Спасовски по завршувањето на литургијата во изјава за медиумите на сите граѓани кои денеска го слават Рождеството Христово им го честиташе празникот. Посочи дека ова е празник на чесноста, на храбри одлуки и активности на дело.
По неколку години, годинава паричката во семејството Спасовски се паднала кај техничкиот премиер.
„Токму преку овој празник можеме сите заедно да се препознаеме што е тоа што можеме да го направиме за себе, за нашата држава, за општото добро и за заедничкиот напредок. Токму христијанските празници се тие кои ја испраќаат силната порака, меѓутоа тоа се пораки и за сите граѓани на оваа наша држава. Тоа се пораки, пред се мотивирачки кои ќе придонесат секој самиот себеси да се спознае што е тоа што може да направи за колективното добро заради тоа што само на таков начин можеме да имаме колективна и заедничка среќа“, рече Спасовски.
Вели дека сите заедно треба да придонесеме во колективниот успех, што ќе донесе среќа за сите.
https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/445514622992865/