Три источноевропски земји – Северна Македонија, Молдавија и Црна Гора, го подобрија својот статус од „хибридни режими“ во „демократија со недостатоци“, според извештајот за Индексот на демократија за 2021 година што го објавува секоја година угледниот Економист.
Има 13 промени во „типот на режим“ во 2021 година – девет негативни и четири позитивни. Чиле и Шпанија се симнати од „целосни демократии“ на „демократија со недостатоци“. Три источноевропски земји – Молдавија, Црна Гора и Северна Македонија, го подобрија својот статус од „хибридни режими“ во „демократија со недостатоци“. Еквадор, Мексико, Парагвај и Тунис се исфрлени од „демократија со недостатоци“ во „хибридни режими“. Мавританија беше промовирана од „авторитарната“ класификација во онаа на „хибриден режим“. Киргистанската Република падна за осум места и беше деградирана од „хибриден режим“ во „авторитарен режим“. Хаити тргна по истиот пат, како и Либан, се вели во извештајот на Економист.
Во светот, годишниот индекс, кој обезбедува мерење на состојбата на глобалната демократија, открива вкупен резултат од 5,28, што е пад од 5,37 во 2020 година. рекорд за најлоша глобална оценка откако индексот првпат беше објавен во 2006 година.
Најдобро рангирани се Норвешка, Нов Зеланд, Финска, Шведска и Исланд, а најлошо рангирани се Централната Африканска Република, Демократска Република Конго, Северна Кореја, Мјанмар и Авганистан
Ј. Ѓорѓиоски