ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска – Бомгартнер: Имаме исти позиции во однос на европските вредности

February 10, 2022 16:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Славица Грковска задолжена за политики за добро владеење, денеска, во својот кабинет се сретна со амбасадорот на Француската Република во нашата земја, Н.Е. Сирил Бомгартнер, информираат владините служби.

Францускиот Амбасадор посакувајќи ѝ успешен мандат на вицепремиерката Грковска истакна дека Северна Македонија има јасна поддршка од Франција во однос на остварување на евроинтеграциите.

Во оваа насока, на средбата беше истакнато дека од особена важност е воспоставувањето на квалитетна база за соработка и во тие рамки да бидат утврдени сите активности за остварување на стратешките цели и приоритети, водејќи се од основните принципи на добро управување, одговорност, ефикасност, чесност и отчетност во остварувањето на  европските вредности.

Вицепремиерката Грковска истакна дека со Француската Република, имаме исти позиции во однос на европските вредности и нивното презентирање и посочи дека во нејзиниот мандат, како задолжена за политиките за доброто владеење е посветена на успешно спроведување на реформите, преку конкретни решенија, со единствена цел, унапредување на системот и враќање на довербата на граѓаните кон институциите на Унијата.

Таа го информираше амбасадорот Бомгартнер дека е особено задоволна заради тоа што според последниот мониторинг извештај од СИГМА, направен за нашата земја за 2021 година, за реформите на јавната администрација е забележан прогрес во повеќе аспекти и дека останува да се работи на унапредување на легислативниот дел кој се однесува на оваа област.

Соговорниците се согласија дека за што поскоро остварување на евроинтеграциите на Северна Македонија од особена важност е демократизацијата преку остварување на стабилност на институциите и професионална администрација.

Next Post

Шаќири на состанок со претставници на ДЕУ и МФ за искористеноста на средствата од Европските фондови

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

November 15, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп побара истрага за Клинтон и други демократи; Обвинителката Бонди почна постапка за „Епштајн врските“

November 15, 2025
Фото: Илустрација, генертирано со ВИ

Шпанските научници идентификуваа неврони во амигдалата кои предизвикуваат анксиозност

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 15 и 16 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk