На денешен ден, 7-ми јануари, прегладнет, сиромашен и заборавен од сите, почина најголемиот човек што некогаш чекорел на планетава. Најголем хуманист, најголем генијалец. Тој направил извонредни, зачудувачки и прекрасни работи во текот на целиот живот. Тој го стори тоа за да му служи на човечкиот род, без да бара ништо за возврат.
Тој не се грижеше за пари.
„Почести – кој е оној што може да дава почести на друг?“, тоа беше неговиот став.
Не, не зборувам за Исус. Зборувам за човекот кој е автор на повеќе од 700 патенти. Зборувам за човекот кој беше номиниран за Нобелова награда, а ја одби. Тој не „воскресна“ по неговата смрт, затоа што за жал тој беше само научник, а не „месија“. И знам дека помалку ве интересира тоа…
Но, сетете се и на него на денешниов ден и не ги заборавајте и неговите страдања. Запомнете го неговото несебично давање за човештвото. Барем денес. Ако не за друго, туку поарди фактот што ако не бил тој, вие сега не би можеле да го славите раѓањето на вашиот месија со сјајот на светлината во вашиот дом.
НИКОЛА ТЕСЛА
10. јули 1856. – 7. јануари 1943.
пишува: Емануела Спасиќ