ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Град Скопје никако да ја објави мапата со над 150-те исчистени депонии

February 14, 2022 13:19
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Расфрланиот отпад кај Визбегово, 25 јануари 2022; Фото: Мета.мк

Расфрланиот отпад кај Визбегово, 25 јануари 2022; Фото: Мета.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Чистењето на сите диви депонии за 82 дена и ревитализирање на просторот во чиста зелена површина, беше предизборно ветување на градоначалничката Данела Арсовска за самиот почеток од раководењето со Град Скопје. На 31 јануари 2022 година, во отчетот за сработеното, градоначалничката Арсовска ретерираше од ветувањето за чистењето на сите диви депонии и изјави дека во предизборието мапирале 120 диви депонии низ целиот град, а во првите 82 дена исчистиле над 150.

„За да им овозможиме увид на граѓаните, креиравме и наменски линк со мапираните диви депонии, а воедно отпочнавме и со постапување по пријави за нивно чистење“, изјави градоначалничката Данела Арсовска на 31 јануари 2022 година.

Мета.мк во два наврати, на 4 и 9 февруари до Градот Скопје испрати барање за одговори на идентичните прашања. Побаравме од градските власти да ни го испратат наменскиот линк со мапираните диви депонии во Скопје, за да можеме и самите да се увериме дека се исчистени над 150 диви депонии досега.

Од Градот Скопје побаравме информации за сите 150 исчистени локации, каде се наоѓале дивите депонии, колкава површина на отпад е исчистена од нив, колку тони ѓубре се собрани од локациите и на кој датум се исчистени овие диви депонии. Прашавме и за детали за тоа кои се следните локации од кои ќе се чисти расфрланиот отпад во претстојниот период во Скопје.

И покрај двете барања што ги испративме до Градот Скопје, и по 10 дена не добивме одговор на поставените прашања. Воедно, ја пребаравме веб-страницата на Градот Скопје, Фејсбук страницата на Градот Скопје и Фејсбук страницата на градоначалничката Данела Арсовска, но не успеавме да го пронајдеме наменскиот линк со мапираните диви депонии во Скопје. Навистина, редовно и тековно се објавуваат информации со фотографии за чистењето на поединечни локации во Скопје од расфрланиот отпад, но вкупната бројка на исчистените диви депонии не е објавена.

Инаку, градоначалничката Данела Арсовска на 31 јануари рече дека сите мапирани и детектирани депонии коишто ветиле дека ќе ги исчистат, ги исчистиле, а со тоа го исполниле предизборното ветување за справување со дивите депонии во Скопје.

„Ќе ги исчистиме сите депонии за точно 82 дена и ќе го ревитализираме просторот во чиста зелена површина”, стоеше во објавата на социјалните мрежи што ја пренесоа повеќе македонски медиуми на 10 октомври лани од изјавата на Данела Арсовска.

Мета.мк на 25 јануари направи обиколка низ Скопје и откри дека диви депонии и понатаму постојат на неколку локации, каде што и претходно се знаеше дека важат за горливи точки на кои нелегално се одлага отпадот од страна на несовесните граѓани. Во Карпош 3 и 4 тоа се локациите покрај кејот на реката Вардар, во општините Бутел и Шуто Оризари тоа е патот меѓу Визбегово и Шуто Оризари, како и патот помеѓу Бутел и Смилковското езеро.

Инаку, во однос на ветувањето за дивите депонии во Скопје, по пишувањето на Мета.мк реагираа и други медиуми за локациите што остана неисчистени од нелегално расфрланиот отпад, граѓаните на социјалните мрежи пишуваат за местата коишто треба да се исчистат, но и од опозициската партија во Град Скопје СДСМ во неколку наврати објави соопштенија за медиумите со фотографии од неисчистени диви депонии низ македонската метропола.

Извор: МЕТА

Next Post

ЕУ посакува дипломатско решение со Русија, но се подготвува за сите сценарија

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk