Судот во Велес на денешното рочиште ја ослободи од обвинение 23-годишната велешанка Павлинка Илоска. Младата Павлинка се товареше за убиство во миг, на нејзиниот сега покоен партнер, полицаецот Александар Ристоски. Таа била физички нападната (влечена и давена) и вербално малтретирана од својот партнер, и во миг на самоодбрана, кога се нашла во животозагрозувачка положба, му нанела смртоносна рана со нож долг 15 цм, при што напаѓачот им подлегнал на повредите.
Во одбрана на Илоска застанаа невладини организации, како и Хелсиншкиот комитет.
Правните експерти и граѓански организации претходно алармира дека 23-годишната велешанка не треба да се гони за дело „убиство во миг“, туку за убиство од самоодбрана, зошто и во самото обвинение пишува дека таа му го задала смртоносниот убод со нож откако тој ја нападнал, а потоа и ја давел.
Судијката рече трошоците за постапката паѓаат на товар на државата, а мерката куќен притвор се укинува.