Украинката Лилиа Ткачук повикува на солидарност од светот за Украина и украинскиот народ. Таа моли на проактивно однесување на сите во светот кон агресијата на Русија врз Украина.
Објавата на Лилиа Ткачук ја пренесуваме во целост:
„За тие што се загрижени! За граѓаните во светот кои се силно загрижени за судбината на Украина во овој момент, но одбрале да гледаат „од страна“, поради оваа или онаа причина. Престанете да гледате и почнете да дејствувате, ве молам со целото мое срце и душа!
Јас не сум ниту истакнат лидер ниту политичар за да преговарам на меѓународно ниво, но ја испраќам мојата молба за помош што ни е очајно потребна. Јас сум обична Украинка мајка на два сина со љубезно срце, сакана сопруга, единствено дете на седокоса мајка и скршена ќерка на мојата татковина која се бори. Исто толку обични како и милиони Украинци. Иако несовршени, нашите луѓе се претприемачи, креативни, ентузијасти и патриоти од се срце.
Сепак, осум години имаме воен конфликт на истокот на нашата земја и илјадници наши патриоти очајно и посветено ја бранат нашата татковина. Повеќе од сигурна сум дека свесните Украинци кои живеат во деловите на Украина, кои до вчера беа мирни, не можеа да замислат дека ќе се случ инвазијата од толку големи размери. Но, се случи. Стотиците илјади руски агресори ги нападнаа нашите домови. Ги убиваат нашите војници и невини луѓе, исто како што тоа го прават овие осум години, а сега тоа го прават отворено, оправдувајќи ги овие непростливи и незаборавни злосторства со „спасување“ на Украинците… Од што нè спасуваат???
Господ да ја чува Украина!
Со агресорите никогаш не сме биле браќа по волја туку браќа со сила и секогаш сме имале погрешни сојузници. За жал, никогаш не научивме да учиме од грешките од долгата историја на борба за независност бидејќи никогаш не сме можеле да се потпреме на сопствените сили. Нашите принцови и политички лидери беа подготвени да ја добијат слободата на Украина, иако итрите лажни сојузници секогаш правеа нова форма на угнетување. Да, никогаш не сме биле совршени. Меѓутоа, она што се подразбира е фактот дека руските режими од различни периоди никогаш не размислувале за можноста да ја остават Украина сама и да ѝ дозволат да го следи својот пат.
Така, она што го имаме сега се милиони луѓе преплашени од пукотници, експлозии и бескрајни закани во нивните сопствени куќи и станови, визби, автомобили или на пат кон никаде. Не сакаме да бидеме бегалци. Ги сакаме нашите несовршени домови и Татковина. Се стремиме конечно да бидеме НЕЗАВИСНИ! Подалеку од Украина, ти, бездушно копиле чие име ми се гади дури и да го напишам.
Зошто би чекале настани како Перл Харбор да се повторат за да заземете активен став против агресорот? Моите деца ја сакаат својата мачка Флафи и кучето Балу, исто како што вашите деца ги обожаваат своите домашни миленици и домови. Ве молиме, не кажувајте дека Русија ќе плати за своите злосторства, тоа е како да им мавтате „збогум“ на оние што се осудени на „Титаник“! Помогнете им на САД да ја натераат Русија веднаш да плати пред да биде предоцна! Путин никогаш не би застанал, да се потсетиме барем на: Сирија, Грузија, Чеченија и многу други што ќе следат, ако агресорот не биде запрен веднаш со обединети акции, а не со прогласи.
Ве молам! Бидете вистински сојузници! Не тргувајте со животите на милиони, туку спасете ги животите на Украинците! Престанете да бидете политички или економски експерти, бидете хумани луѓе! Вие сте следен во редот за напад! Спасете го светот од Трета светска војна!
Нека денес биде ново одбројување на еден нов светски поредок каде што хуманиот третман, човековите права и вредности се навистина заштитени не само декларирани!
Заедно сме силни! Застанете со нас во моментот на очај и сите да ги издржиме превирањата на агресијата.“