Значителен раст на поддршката за претседателот Володимир Зеленски во услови на ескалација на конфликтот со Русија. Поддршката во изминатата недела се искачи на дури 91%. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од социолошката група „Рејтинг“, пренесува Укринформ.
„91% од Украинците ги поддржуваат постапките на претседателот Зеленски. 6% не ги поддржуваат, 3% не можеле да одговорат. Важно е дека од декември 2021 година, поддршката за акциите на претседателот на Украина е тројно зголемена“, се вели во соопштението.
Според анкетата, 70% од испитаниците веруваат дека Украина ќе успее да се одбрани од нападот на рускиот окупатор, а 16% се изјасниле дека не се сигурни.
Дії Зеленського підтримують 91% українцівhttps://t.co/xp83iO9wrw pic.twitter.com/bxuPlyfRAP
— Ukrinform (@UKRINFORM) February 27, 2022
Значително се зголемило и нивото на доверба во вооружените сили во текот на изминатата недела. Во ниту еден регион не доминираат песимистички чувства. Највисоко ниво на доверба во вооружените сили има на Западот и во Централниот регион (75-78%), а релативно пониска на Југот и Истокот на земјата (64-66%).
„Постои исклучително високо ниво на поддршка за Зеленски во сите региони на земјата: на Западот и во Централниот регион (над 90%), на Исток и Југ над 80%, додаваат социолозите.
Во истражувањето биле опфатени 2.000 испитаници на возраст од 18 години и нагоре, во сите области, освен во привремено окупираните територии на Крим и Донбас. Истражувањето/ анкетата била спроведена на 26 и 27 февруари 2022 година.
Извор: Укринформ
Обработка: И. З. и Редакција Фронтлајн





