ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вакцината против вирусот лажни вести е кај медиумите

Уште не седнати на функционерското столче, уште ниту време си дадоа да си ја отворат барем првата фиока од своето кабинетско биро, новите министри и заменици, наместо да се зафатат за изборните правила, се истрчаа да го спроведат партискиот налог за лаги. Со грст невистини, истурајќи купче лажни слики за состојбите во своите  ресори, побрзаа да ја активираат партиската пропагандна машинерија.

January 10, 2020 09:33
in ДЕНЕС, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИЗБОРИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Избори се ближат. Сѐ повидливи стануваат протагонистите на лажните вести. Сѐ појавни се изворите, авторите и креаторите на тоа современо информативно зло на кое демократскиот свет му отвори војна.

Продукцијата на лажни вести ќе се зголемува правопропорционално со зголемувањето на интензитетот на партиските кампањи и обратнопропорционално со приближувањето на изборите. Зборот е дека токму политичките партии се најпродуктивните центри на лажни вести. Токму оние кои пред секои избори се растрчуваат по доверба. Истите оние кои и сега ќе нѐ убедуваат во тоа дека се подобри од другите. Ќе ни се лигават за нашиот глас, ќе нѐ гледаат в очи и ќе нѐ лажат. Наместо да ни објаснуваат чекори за реализација на проекти, премолчувајќи ги своите, ќе нѐ бомбардираат со криминалите на политичкиот противник.

Примерот со небулозниот модел на таканаречената пржинска влада се покажа неадекватен за неговата иницијална функција. За спроведување фер и демократски избори со градење и со манифестирање меѓусебна доверба меѓу власта и опозицијата. Но затоа, пак, се покажа мошне поволен за емитување лаги. За предизборно манипулирање. За продуцирање лажни вести од позиции на времени, но високи предизборни државни функции.

Уште не седнати на функционерското столче, уште ниту време си дадоа да си ја отворат барем првата фиока од своето кабинетско биро, новите министри и заменици, наместо да се зафатат за изборните правила, се истрчаа да го спроведат партискиот налог за лаги. Со грст невистини, истурајќи купче лажни слики за состојбите во своите  ресори, побрзаа да ја активираат партиската пропагандна машинерија.

Во нашите политички околности, стана нормална состојба да се шират лажни вести. Не е важна вистината. Не се важни граѓаните. Важни се само нивните гласови. Важно е по  секоја цена, па и преку лаги, да се дојде на власт. И невладината Цивил, платформата и за овој текст, во своето обемно аналитичко истражување нотира дека дел од политичките субјекти и дел од медиумите, не покажуваат ниту минимум политичка култура. Ниту, пак, покажуваат намера и за овие претстојни избори да водат фер и аргументиран меѓупартиски натпревар.

Па, кога е веќе сосема јасно дека и за пролетниот партиски натпревар нема надеж за помак во политичката култура, тогаш би требало таа да се бара во медиумите. Кај нивните уредници. Таму, во професионалните редакции. Во сите, без исклучок. Тие да почнат и да опстојат, наместо на партиите, да им служат на граѓаните. Конечно, да станат брана, непремостлива пречка за партиски политики креирани преку партиски лаги.

Фронтот против лагите во јавноста треба да е општествено широк. Па, сепак, вакцината против вирусот лажни вести е кај нив, кај медиумите.

 


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.
Next Post

С. Македонија ги стартува натпреварите на Европското ракометно првенство

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk